Home Live Сите се фалеа од сцената на „Макфест“, само оваа наша згодна пејачка...

Сите се фалеа од сцената на „Макфест“, само оваа наша згодна пејачка се сликаше во хотелската спална- покажа што поседува (ФОТО)

Атрактивната македонска пејачка Андријана Петрушовска им мамеше воздишки на гледачите уште додека ја гледаа во натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“. Но, таа летово покажа дека не е помалку провокативна и кога не е на сцена, објави во една прилика Вистина.мк

Имено, пејачката летово конечно најде време за себе да здивне од напорната сезона, па одморот го минуваше на Егејското море, кај нашиот јужен сосед во Грција. Андријана и таму не пропушти да го истакне сиот свој телесен раскош.

Ф
„Овој период настапувам по клубовите и дискотеките. Со мојот менаџер веќе работиме и на мојата прва песна, зад која стои Лазар Цветкоски и која ќе излезе во септември“, открила ѕвездата на Гранд за Репортер.

Една година помина во Белград па вели дека е среќна што била дел од шоуто. Ментор ѝ беше Ѓорѓе Давид, со кого и се слушаат и се гледаат.

„Иако некогаш беше строг, тој ми е како татко и навистина сум среќна што имав чест да работам со него“ вели Петрушовска за „Репортер“ и најави дека се наскоро во Охрид ќе има завршен концерт на финалистите на Гранд.

Со Андријана зборувале и за членовите на жирито, за дружбата со Цеца која во неа видела потенцијал. Вели: „Српската мајка е кралица, а со ќерка ѝ се запознавме во казино“.

Андријана студира соло пеење и свири пијано. Љубовта кон музиката ѝ била од дете, па затоа почнала да пее. Не заради финансии или заради популарноста, но сега веќе е свесна што сè носи овој начин на живот.

За коментарите околу облеката, кои беа негативни, вели: „Имаше негативни коментари, многу, но јас решив да ги занемарам. Важно е дека јас за себе мислам дека изгледав супер и не е важно што велат другите“.

Откако во финалето го освои деветтото место, за малку не успеа да влезе во суперфиналето, и се одмори од коментарите и впечатоците, згодната пејачка за Женски магазин откри интересни приказни за натпреварувањето, за креациите кои ги облече и за љубовниот живот.

Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед.

Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор. Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла.

Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба. Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сèбеше изработено перфектно!

Андријана во „Ѕвездите на Град“ е борец кој има храброст и смелост да се носи со таа сцена, а приватно сум пак истата храбра девојка која сепак ја има најголемата врлина на карактерот, а тоа е скромноста и горда сум на себе поради тоа.

Среќна сум и благодарна за сè што имам. За својата среќа одлучувам само јас и партнер не ми треба за да бидам среќна или емотивно исполнета. Доволна сум си сама на себе, како и мојата фамилија и пријатели кои ми се огромна поддршка во сè што правам“.

Андријана реши да да го смени правецот на музика, и место народна да пее забавна, тоест поп музика.

Таа настапи на фестивалот Макфест во Штип, и како и обично, ако гледаме по реакциите на социјалните мрежи, интересот за неа бил огромен.

И додека сите пејачи се фалеле ако изгледаат на сцената, таа се пофали како изгледала во спалната соба во хотелот во Штип.

На сликата, Андријана ги покажала адуите кои ги поседува, а тоа е бујното деколте и долгите нозе.

Previous articleСара не е љубоморна сопруга, чува бебе дома а Димитар танцува со оваа убавица (ФОТО)
Next articleМилена му мести девојка на водителот Миро од „Голден карпет“, еве каков стројник е неговата колешка