Home Live Јордан Митев сподели и добри и не толку добри вести за нашинците...

Јордан Митев сподели и добри и не толку добри вести за нашинците во Германија и Австрија, еве што им порача

Јордан Митев е еден од ретките професионалци кај нас кој самостојно се проби до самиот врв. Младото талентирано момче од радовишкото село Подареш и покажа на целата естрада како со труд, човеност амбиција и талент се освојува естрадниот трон но и срцата на сите почитувачи на убавата македонска песна.

Јордан Митев е кантавтор, академски образован музичар, уметник и естрадна звезда“, напиша Свет Австралија во една прилика за овој наш познат музичар, а тој во интервјуто за овој медиум изјави:

– Како што веḱе знаете, заклучно со оваа година јас заокружувам 17 години од мојата активна работа. Официјално мојот прв студиски албум поčнав да го работам во октомври 2005 година и некако тоа за мене преставува поčеток на мојата кариера.

Така да за се до сега ми беа потребни 15 години активна работа и посветеност, а кој е најзаслужен, секако дека јас самиот и моето семејство кое веруваше во мене и мојата амбиција.

Сите останати кои ги запознав во мојата кариера, дел можеби потпомогнаа, дел одмогнаа, а дел потпомогнаа за самите да си помогнат за одредени работи.

-Патот беше долг, макотрпен и болен. Морав сам, буквално сам да ги отворам сите врати, да ги стекнам сите пријатели, соработници, непријатели, и секој мој фан кој денес ја почитува мојата работа.

Се соочив со големи луѓе но и големи нелуѓе. Чувството беше исто како да ве пуштат на сред џунгла и да ви речат снајди се. Многу пријатни моменти, но морам да признам уште повеќе горчливи, предизвикани од човековата алчност, злоба и љубомора.

Но благодарејќи на сето тоа што го поминав моите сензори се изострија прилично добро и со прилично добар успех барем до сега го завршив факултетот на животот, без препишување, без помагање од одредени било какви лобисти, без зголемување на оценката..

Напротив ако сум заслужувал за 10 често ми давале 6 сметајќи дека со тоа ќе ме згаснат, а не свесно со тоа само ми додаваа гориво во мојот мотор да продолжам со појака снага напред.

Јас ја сакам музиката, сцената, добрата песна и се што знаќи квалитетна премиум естрада. Токму поради тоа јас немам потреба да правам пауза, а и животот е доста краток за да се прават не знам какви паузи.

Кога велам животот оди многу брзо мислам на човековиот активен работен век. Светот се движи многу брзо само ние мислиме дека има време за се, ќе биде, полека, што се секираш и слично…

Секоја песна што ја создавам ја создавам со голема љубов, и иако сите песни се за народот, сепак првично сакам кога ќе ја создадам песната мојата душа да се радува или да плаче на истата.

Секој човек што работи, работи да заработи но има една тенка линија помеѓу парите и нешто што не се купува со пари, и јас се трудам да не ја поминам таа линија.

Јас ги создавам песните бидејќи тие се раѓаат во мојата глава, дали ќе бидат хит или не тоа ќе покаже времето. Има многу добри песни во нашата музичка историја кои што не станале хит, не земале награда но тоа не значи дека песната не е добра.

Нема дефиниција за хит, да имаšе тогаш една хит песна ќе беше многу скапа“, рекол Митев.

Јордан деновиве е на турнеја низ Австрија и Германија и сподели една убава и една не толку убава вест. Неубавата се однесува на нашинците во Австрлја , врзано за неговиот концерт во Линц, но Јордан, познат како весел и позитивен човек, понуди решение.

– Почитувани фанови во Линц. Концертот во Линц е распродаден пред 2 недели.

Сите кои што не успеавте да земете карта за концертот во Линц повелете следната сабота на 12 ноември во Еберсберг-Минхен. Поздрав до сите и се гледаме“, објавил Митев.

Previous articleИгор ослабел од тага по Илина, еве како им оди љубовта преку жица, и трет член е вмешан (ФОТО)
Next articleСе пофали со мрежестите хулахопки, краткиот фустанот со отворен грб и позираше како модел, Стојне Николова баш изненади (ВИДЕО)