Home Live Како да не поминала една година- еве како се дотера Милена за...

Како да не поминала една година- еве како се дотера Милена за првата средба со гледачите по породилното (ФОТО)

Водителката Милена летово беше во фуксот на јавноста, откако беше на одмор со нејзините најмили, па потоа сподели фотографија за да го запамти овој одмор.

Тоа што беше поразлично е дека оваа фотографија на Милена е со различна тематика од фотографиите што често може да ги видиме на социјалните мрежи.

Имено, Милена прозборе за нејзините вишок килограми со кои се справува после раѓањето на нејзината втора ќеркичка Јоана.

,,Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана.

Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)

Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика @gordanstankovski

Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите, напиша Милена која изгледа неверојатно убава и згодна, а порталот Еспресо во една прилика се присети како се запознала со својот сопруг.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од пет години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – вели Антовска, која од бракот со Гордан имаат две ќерки.

„Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Таа во своите статуси на Фејсбук знае да раскаже интересбни нешта, а едне од нив е по што луѓето ја препознаваат.

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место“, рече таа.

-Иако не сум на утринска, сепак станувам рано, не во 05:30, но во 07:00 сум на нога.

Планот и ангажманите ми се подредени најчесто според ќерка ми како што споменав погоре, изјави во една прилика водителката пред да се роди втората ќерка.

Кога е убаво времето сме надвор, а за дома имаме многу игри, боење, цртање итн. Секако се гледам и со моите блиски колку што можам и колку што дозволува ситуацијата.

Милена објави убвава вест, имено по породилното отсуство, таа се враќа на работа, во нејзината матична куќа, Канал 5 телевизија. Во ново стори, Милена се снимила како оди на раота за првпат по девест месеци, откако ја роди ќерчкичката Јоана, но ѝ се случил еден голема малер.

-Прв ден на работа после породилно. Прво се успав, првпат во живот, па псоле ми искипа кафето. Лош или добар знак?“, рече Милена на стори.

Милена официјално ѝ се врати и на дружбата со гледачите, и се дотера ептен за првото појавување на телевизија по една година. На Инста стпри, таа кажа дека едвај успеала да стане во 5.30 наутро, но успеала да се подготви за на програма и им порача на сите да пуштат Канал 5.

Потоа, возбудена што се вратила на работа, Милена на Фејсбук напиша:

– Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало. Се гледаме следната недела“, објави Милена.

Previous articleМартија раскажа дали ѝ го украде Иван на Антониа и во какви односи е со својата колешка (ВИДЕО)
Next articleНема веќе шлицови, деколтеа и пердуви – Марија Груевска од „Ѕвездите на Гранд“ откако се омажи се смири- опуштена и во тренерки, таа летна за Германија (ФОТО)