Home Live Кристина Димитри се врза со Зоки Фаци, што ли прават заедно? (ФОТО)

Кристина Димитри се врза со Зоки Фаци, што ли прават заедно? (ФОТО)

Медиумите во последно време многу пишуваат за неа, а расте и нејзината популарност на социјалните мрежи.Пргво беше манекенка, па сопруга на познат пеја, а сега е и модел и инфлуенсерка, но и пејачка.

Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки и фотомодели. Таа интензивно ѝ се врати на својата стара работа откако се разведе од пејачот Даниел Кајамкоски со кого има син.

Даниел во 2015 година, се ожени со Кристина. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка. Неодамна, Кристина најави нова песна со Сплеш Бојан, која ќе се вика Амнезија.

По овој повод, манекенката комплетно го смени имиџот. Ја исфабра косата во потемна, и почна интензивно да вежба, и тоа да го покажува на социјалните мрежи. Кристина во 2020 година година за време на пандемијата освои необична тутула за Мис карантин.

„Да се биде број 1 е секогаш предизвик. Кога го прочитав своето име не верував, сè додека не ми потврди Мики Црнокрак. Минатата година бев „Мис Балкан”, а оваа година добив титула на светско ниво.

Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.

Се чини дека таа, откако ѝ се врати на старата љубов, манекенството процвета. На Инстаграм, рекламирајќи ја својата нова фризура, Кристина напиша: „Доколку правите промена.. тогаш промената нека биде на подобро!!“

Кристина во емисијата „Магазин“ на Сител зборуваше за својата нова професија пеењето, но го спомена и својот син и грижата за него.

– Што се однесува до пеењето, не можам да речам дека почнав да се занимавам, но некако се впуштив во таа бранша пред година ипол, со мојата прва песна „Сакам пак“ со Андреј Миске, потоа следуваше дуетот со Амир Ибраимовски, па „Амнезија“ која е актуелна сега со Бојан Сплеш, и веќе ја спремам четвртата песна.

Пред се, се што работам, се тоа го сакам и вложувам, навистина љубов и енергија и чувствувам благодарност што можам да го работам тоа што го сакам, поради тоа што многумина не го можат тоа, поради тоа и не се жалам.

Секоја работа е тешка, но времето поминато со мојот син е за мене рехабилитација од сите стресови.

И не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш се за да му овозможиш на него се најдобро“, откри Кристина.

Кристина, прво на стори се пофали дека е учесник на фестивалот Макфест во Штип, и дека ќе настапува со нејзиниот пријател Боно за кого се зборуваше дека се во врска, зашто се многу блиски, но таа ова го демантитраше.

Кристина на сцената во Штип облече амо во боди, како да настапува на кабаре и се гледа дека навистина се потрудила да го запали Штип.

А, во тоа и успеала судејќи според големиот аплауз што се слушна по нејзиниот настап на преносот на МРТ.

Инаку, песната која Кристина и Боно ја пееја има вакви стихови: Ладна како Лондон, а тело згодно, и сосема одговараше со овој настап.

А она што привлече внимание на овој настап е тан-гата на Кристина која гордо ја покажа на сцената во Штип.

Кристина на Инста стори изненади со нова слика која сигурно ќе ги заскокотка нејзините следачи, но и оние на познатиот новинар Зоки Фаци- Зоран Василевски. Тие двајца се сликаа заедно како се на рулек во еден ресторан.

До оваа слика, Кристина напишала: Нова соработка и го тагнала Зоки. Од ова нивно поврзување сигурно дека ќе се роди нешто интересно и необично.

Previous articleДобри вести за Македонците во Австралија- Анета Молика ги израдува нашинците од Мелбурн
Next articleЕве како ќе изгледа вилата на Цеца на Кипар- луксуз на сите страни, а ја декорираше Вики Миљковиќ (ФОТО)