Home Live Мартија раскажа дали ѝ го украде Иван на Антониа и во какви...

Мартија раскажа дали ѝ го украде Иван на Антониа и во какви односи е со својата колешка (ВИДЕО)

Мартија Станојковиќ е една од најмладите пејачки на нашата естрада. Со само 18 години, задава сериозни домашни задачи за останатите изведувачи. Зад себе има неколку песни, а сите ја запознавте од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“.

Успевам да ги усогласам активностите од мојата професија со мојот тинејџерски живот. Понекогаш тоа знае да биде напорно, но во сето тоа не ја гледам лошата страна, бидејќи пеењето и музиката се моја прва и вистинска љубов- рече Мартија во една прилика за Хаштаг.

Ги следам најактуелните изведувачи од светската сцена, па од секој наоѓам по нешто што ме инспирира да работам на себе.

Во последно време најмногу ми се допаѓа музиката на The Weekend- кажа таа во истото интервју и додаде:

Да бидам искрена не би менувала ништо. Едноставно сакам да сум таква каква што сум сега. Работам на себе и сите лоши работи се трудам да ги корегирам. Естетски гледано, единственото нешто што би сакала да го променам е мојата висина, барем да сум 5 – 6 сантиметри повисока.

Животот на светските ѕвезди изгледа совршен и гламурозен пред камерите, така да не знам дали сакам да се заменам со некој на кој не му го познавам приватниот живот“, рекла Мартија.

Таа ја започна својата кариера заедно со Антониа Гиговска со која се пријателки. Антониа и Мартија неодамна беа во посета на Белград, по повод промоција на парфем.

Кога излегоа на промоцијата, македонските преставнички изгледаа како холивудски ѕвезди, што не беше добро прифатено од страната на нашинците.

Особено, голема улога играа нивните стајлинзи, што според Блиц.рс се пишуваше дека на Мартија и излегла едната гра да, а на Антониа и излегле прстите од сандалите.

Конечно, македонските пејачки проговорија за нивниот стајлинг и озборувањата кои следеа подоцна, а потоа Мартија откри дали е во врска со фудбалерот Елиф Елмас.

,,Мартија носеше зелен фустан со предлабоко деколте, а Антониа ги истакна нозете и стомакот. Позираа самоуверено како холивудски ѕвезди, но на едната и испаднаа гра дите, а на другата и излегоа прстите од сандалитe”, започна јутјуберот Стефан Лазаров кој го прочита натписот на еден сајт.

Мартија Станојковиќ откри дали имала нешто со фудбалерот Елиф Елмас, со кој се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе:

– Јас Елиф, не го познавав лично во тој момент, и се запознавме случајно во Кино Карпош на кафе, покрај Антониа. Немавме никаква допирна точка.

Тој може само да донесе среќа на Македонија, во неговата кариера, но јас и тој ништо немаме, рече Мартија. Таа сега гостуваше во новото издание на Жешко столче со Никола и таму откри:

– Дружбата со Антониа не ни е оладена. Јас живеам во Куманово, таа во Скопје и тоа е причината што не раздели последнове 2-3 месеци. Јас живеев многу кратко во Скопје и ми беше многу пријатно да се дружам со неа додека сум тука.

Но, ете некои ситуации не оддалечија. Инаку, контакт си имаме. Како да кажам, си имаме врска на далечина“,рече Антониа. Водителот инаку ја праша: Медиумите веднаш те чепнаа веднап после твојот настап со Иван, па сега е прилика да демантираш дека ништо повеќе од пријателство.

Се мисли на нејзиниот настап со Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд, кој неодамна раскина со нејината пријателка Антониа: На ова, Мартија одговори:

– Да, јас и Иван се знаеме одамна, покрј тоа што се знаат нашите родители преку работата, се знаеме и јас и Иван преку Антониа, и ете јавно ќе кажам дека се е професионално, се си е на пријателски однос, си се почитуваме и тоа е се“, рече Мартија.

Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleЕве како ќе изгледа вилата на Цеца на Кипар- луксуз на сите страни, а ја декорираше Вики Миљковиќ (ФОТО)
Next articleКако да не поминала една година- еве како се дотера Милена за првата средба со гледачите по породилното (ФОТО)