Home Live Спенџарска за дечко си фати Грк: Тој ја научи како треба да...

Спенџарска за дечко си фати Грк: Тој ја научи како треба да се мацка со леб (ФОТО)

Водителката Јелена Спепнџарска е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки во последно време и често на својот Инстаграм профил го покажува своето секојдневие.

Водителката често објавува и мотивирачки цитати за животот, среќата, љубовта, а во последно време се отвора повеќе од било кога и отворено си зборува за сè.

Спенџарска откри дека конечно е во врска, а тоа своевремено го докажува со секоја нова објава на Инстаграм.

Всушност целата работа започна кога водителката летово објави Тик Ток видео на социјалните мрежи и напиша:

-Патување цело лето. Го поминувам најубавото време од животот. Преселување во нов стан.

Ја пронајдов мојата сродна душа. Пијам вино во Грција, додека врне, бидејќи никогаш не сум била посреќна, напиша во септември Спенџарска на англиски.

Потоа, таа објави слика, на која изгледа пресреќна. Гушната е со дечко, на кој сепак не му се гледа лицето, но фановите очекуваат наскоро да им го престави новиот дечко, доколку ова е навистина тој!

Потоа, на едно од своите понови сториња, Јелена објави видео од машка рака како декорира американски палачинки со разни овошја и јаткасти плодови, а палачинките изгледаат навистина вкусно.

До ова видео, Јелена ставила и срце, што укажува на тоа дека истиот мистреиозен дечко, кој го нарече сродна душа ги прави за неа. Блазеси ѝ на Јелена со ваков дечко.

Да потсетиме, Водителката Јелена Спепнџарска е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки во последно време, во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска. На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде.“

Спенџарска пред неколку месеци го прослави својот роденден, но не кажа колку години наполни, но затоа си ги кажа желбите:

-Списокот на желби е долг, но верувам дека сè ова ќе биде реалност зашто …. едноставно ЗНАМ! Ништо не ме плаши!

Поминав низ толку многу работи и добри и не толку баш што најискрено тука пред вас признавам дека секоја пречка во мојот живот само ми ги отвори очите и ме направи уште посвесна за сè што се случува околу мене.

Сакајќи да им се најдам на сите и да помогнам и да им докажам на некои луѓе дека можам, доживеав неколку непријатни ситуации кои верувајте, ми ги отворија очите и сфатив,ама онака мнооооогу добро сфатив дека јас треба да се докажам единствено пред СЕБЕ !

И сега прочитајте ми ја првата желба. Тука секогаш има работа. Ви благодарам од срце на убавите желби, за секој убав збор/порака и целата поддршка и убава енергија која си ја споделуваме овде.

Оваа година ќе бидеме уште подобри i promise, напиша водителката.

Дека Јелена ужива во животот, не може никој да одрече, а тоа колку е среќна во новата врска сè повеќе се гледа во нејзината насмевка која е присутна на речиси сите фотографии и видеа кои ги објавува.

Јелена пред неколку дена замина за Солун со својот дечко и оттаму постојано објавува што се случува. Вчера, Јелена објави дека на шетање се облекла во облеката на дечко и.

Додека денес, Јелена повторно објави видео како шета со дечкото, фатени за рака и ужива во есенскиот ден.

Кога Јелена и мистериозниот дечко седнаа да ручаат во ресторан, Јелена всушност снимаше како машка рака пробува да откине од парчето леб, но некако не му оди.

Потоа Јелена му рече: „Не се стресирај, нервозен си“ низ смеа, додека дечкото со парчето леб посегна да мацка во еден сос и рече, „Вака правиме ние во Грција.“

Потоа Јелена праша, што е ова, кашкавал, риба, што е, а тој и одговори, „риба, „бејби“, додека целиот разговор се одвиваше на англиски, претпоставуваме дека мистериозниот дечко на водителката е Грк.

Previous articleОва се мајката и таткото на Беквалац – пејачката со голема тага објави што чувствува (ФОТО)
Next articleВаско Ефтов: Можно ли е СДСМ да побара предвремени парламентарни избори