Home Live Светлана: Имав добро платена работа во град, но кога ќе се омажиш...

Светлана: Имав добро платена работа во град, но кога ќе се омажиш од љубов ќе живееш макар и на село

Александар и Светлана Маниќ се запознале благодарение на емисијата „All Natural“ на Јован Мемедовиќ, а нивната романтична приказна е како од некој бајковиден филм.

Александар Маниќ (38), академски образован, дипломирал на Археолошкиот факултет и има звање кустос.

Кустос е лице со академско образование што уредува и чува некаква збирка, обично во музеј. Работел во музејот во Пирот, потоа сменил уште две работни места, но секогаш сонувал да се врати на село, од каде што потекнува.

Александар сонувал својот живот да го помине во село, да си одгледува добиток и да живее скромен живот.

Пред три години, конечно го направил тој чекор со тешко срце и се вратил во домот на неговите предци во селото Изатовци во Пиротско, каде неговото семејство отсекогаш живеело од сточарство.

Иако имал добро платена работа во градот, неговата пасија за животот во село не згаснала.

Дека животот пишува романи покажа и неговиот пример кога во текот на изминатата година ја запознал својата сегашна сопруга Светлана благодарение на емисијата на Јован Мемедовиќ.

„По твојата емисија ме контактираше мојата сегашна сопруга, кога мажот ќе почувствува дека е тоа тоа, вистинкото. Не ни знаев како изгледа, во нејзиниот глас почувствував дека е вистинската.

Се запознавме во Пирот, таа излезе од работа во Белград, работеше како ревизор и дојде овде. Мојата сопруга е многу похрабра од мене“, рече Александар кој за Светлана рече дека воопшто не се двоумела да го напушти градот и работата.

Светлана дипломирала на Економскиот факултет во Белград, а кога, како што вели, ја гледала емисијата, знаела дека тој е тој.

Светлана и Александар неодамна добија син, првото новороденче во овој дел на Стара Планина по 40 години. Во селото каде што живеат се населени околу 15 луѓе.

„Се случи нешто за кое не ни сонував. На почетокот на 2021 година ја гледав емисијата и го видов Сале. Го видов човекот што го чекав цел живот.

Го направив првиот потег. Му оставив порака, потоа разговаравме и така почна нашата романса“, рече Светлана за емисијата.

Сега имаат 70 овци, имаат планови за иднината, а простор за страв нема. Тие се залагаат за враќање на животот во селото и за поздрав начин на живот. Бидејќи се на почеток, секоја помош од државата и субвенции се добредојдени.

Нивната романтична приказна може да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleФолкерот Аца Лукас проговори зошто има три бракови зад себе и причините за развод
Next articleОва се мајката и таткото на Беквалац – пејачката со голема тага објави што чувствува (ФОТО)