Home Live Горан Алачки ја однесе својата Марина на патување- овде поминал важен дел...

Горан Алачки ја однесе својата Марина на патување- овде поминал важен дел од животот (ФОТО)

Новинарката Марина Дојчиновска неодамна реши да ја напушти водителската професија и да се обиде во нов бизнис во кој Горан Алачки, познатиот музичар и нејзин долгогодишен партнер ја поддржа.

Телевизијата ја одбележа мојата професионална кариера, и после 20 години на ТВ-екраните, разделбата беше навистина драстична промена во мојот живот – екранот да се замени со бизнис-секојдневие.

Понекогаш ми недостасуваат студиските светла, не велам не – но секојдневно сè уште добивам сатисфакција, дека сум правела нешто правилно и важно за сите нас.

Кога ми приоѓаат на улица луѓе што не ги познавам, за да ми кажат дека не пропуштиле ниту едно издание на „Македониум“, и дури запамтиле некоја јавно искажана мисла или актуелна дефиниција на реалноста во тој миг“, изјави Дојчиновска во интервју за Слободен печат.

Во истото интервју, таа зборуваше и за својата љубов со Горан Алачки, и тоа за првпат отворено!

– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје.

Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.

Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска. Короната ги одложи сите наши планирани патувања за лани, но затоа јас и Горан се посветивме на нашите градби – јас во Гари, а тој во неговото Владимирово“, рекла таа.

Познатиот муичар, кој е долги години присутен на нашама музичка сцена, Горан Алачки, во рамки на кампањата на надпартискиот кандидат за градоначалник на Берово со поддршка на партијата Интегра, заедно со неговиот пријател Марк Де Јонг, познатата телевизиска личност од кулинарското шоу „Брза кујна“ го посетија градскиот пазар во Берово.

Алачки се кандидираше на локалните избори во Берово, минатата година. Горан Алачки и Марк Де Јонг, се пријатели откако Марк одлучил да се пресели од Белгија и да живее во Македонија.

Целта како што рече Алачки е на еден поинаков начин, на сите луѓе во Берово да им се претстави животот полн со насмевки, љубов и единство без разлика на политичка партија.

Нивната посета на Берово и отвореноста спрема граѓаните, ја финишираа со по една сливова ракија, пинџур и добро познатиот Беровски буламач.

Во пријатна атмосфера со насмевки и позитивана енергија на граѓаните на Берово им ја преставија програмата и поразговараа за животот, сплотеноста и за различните вкусови на храна кои ги нуди нашиот крај, објави пред извесно време maleshnet.mk.

Таа рече дека во во 2012 година ја основала нејзината компанија – „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

Алачки и Марина Дојчиновска како што погоре напишавме ужиуваат во миговите поминати заедно, и често одат на убави патувања. Па така, Горан наја однесе Марина во Сомбор, кој е смета за еден од најубавите градови во Војводина- Србија.

Ја однесе на важно место за него, каде што поминал добар дел од животот. Сомбор варош.

Зад нас е Дом на ЈНА. Таму бев југословенски војник 15 месеци- напиша Алачки.

Previous articleИгор Џамбазов сподели важна објава во чест на татко му, маестро Џамбазов- еве зошто трети ноември му е важен датум
Next articleНов член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, по Карлеуша и Цеца, ќе ја гледаме оваа пејачка (ФОТО)