Home Live Игор Џамбазов сподели важна објава во чест на татко му, маестро Џамбазов-...

Игор Џамбазов сподели важна објава во чест на татко му, маестро Џамбазов- еве зошто трети ноември му е важен датум

Александар Џамбазов е роден на 03.02.1936 год. во село Стапар, Војводина, Р. Србија од мајка Цветанка-домаќинка и татко-Методи-учител од Штип, кој бил преместен во 1934г. во Војводина поради своите напредни идеи.

Во 1947г. во Скопје го завршува најпрво нижото музичко училиште (започнато во Штип) и средното – 1956г. Истата година се запишува на Музичката академија во Белград, каде дипломира во 1960 година.

Веднаш по дипломирањето поканет е да работи во Радио Скопје, и тоа најпрвин како соработник во Редакцијата за сериозна музика, потоа во Редакција на забавна музика и музичката продукција, а од 1964 година е назначен за диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје на кое работно место се наоѓа до неговото пензионирање.

Џамбазов е татко на актерот Игор Џамбазов, на Таткана Џамбазова која е архитект и живе во Америка. тој никогаш не ја прежали загубата на својата Анче, познатата актерка Анче Џамбазова.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор Џамбазов ја Инстаграм за својот татко на 25 јануари годинава, кога овој голем музичар се упокои.

Во Женски магазин, Џамбазоив раскажа за раѓањето на својот син Игор, кој за малку немало да го преживее скопскиот земј отрес во 1963 година. Игор е роден на 15 јули таа година.

-Мојата сопруга Анче беше млада мајка, имаше само 21 година кога го роди Игор. Живеевме на улицата Никола Парапунов, сегашен булевар Климент Охридски. Целата наша улица беше како едно семејство. Тој 26 јули, пред 55 години, Игор немаше ни две недели.

Беше во својата колевка, се разбуди околу 5 часот наутро и почна многу силно да плаче. Се сеќавам како сега кога Анче ми рече: Гладен е, ќе го земам да го надојам. Јас и одговорив да почека уште половина час, да ги следи советите на докторите кога треба бебето да се храни.

Но, таа не ме слушаше. Игор плачеше повеќе од вообичаено, и сега си велам дека е вистината онаа изрека дека малите деца и бебињата како да ги пречуствуваат нештата. Додека се убедувавме, Анче го зема Игор.

Само неколку секунди откако го извади од колевката, почна силно да тресе. Дел од ѕидот на таванот се изрони и големо парче падна токму на неговото креветче.

Да не реагираше Анче на време, не сакам ниту да помислам што ќе му се случеше на нашиот син тогаш“, се присети познатиот композитор и диригент.

Тој беше втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија.

Добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др. Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“.

Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр.

Џамбазов сподели објава во чест на маестро Џамбазов на Инстаграм во која кажа: „Драги пријатели. Повелете на концертот во Македонската Филхармонија посветен на мојот генијален татко, и наречен “Омаж на маестро Александар Џамбазов”.

Сите средства од продажбата на билетите ќе оди на сметката на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабет на Македонија. Четврток, 3ти ноември, во големата сала на филхармонија“, рече Игор за овој важен датум и важен настан.

Инаку, тој нги ознали Антониа Гиговска, Тамара Тодевска, и Пере од Нокаут кои ќе пеат на овој концерт кој е истовреме но хуман настан, а хуман човек кој секогаш им помагал на децата бил и неговиот татко.

Previous articleШеќерот ми скокна на 30 и ми здодеа да барам посебно столче во ресторан – српската пејачка раскажа како се среди и успеа да влезе во убав фустан
Next articleГоран Алачки ја однесе својата Марина на патување- овде поминал важен дел од животот (ФОТО)