Home Live Татјана Стојановска целата блеска, а еве што искрено раскажа за својот син...

Татјана Стојановска целата блеска, а еве што искрено раскажа за својот син Матеј (ФОТО

Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на Канал 5 телевизија. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензибилна личност и жена со широки погледи.

Со задоволство прифати да зборува за себе, своето семејство и професијата, објави во една прилика Рингераја за нашата позната презентерка Татјана Стојановска.

– Треба многу толеранција, дипломатичност и комплетна контрола над децата. Да бидеш секогаш со нив и да разговараш отворено за сите случувања.

Нема табу теми помеѓу нас. Разговараме отворено за сите појави, кои за жал не демнат во денешницата. Отворено разговараме, и фала Богу имаме супер комуникација.

Има доверба да ми каже и за некоја беља… знае дека тоа кога – тогаш ќе се дознае, па подобро самиот да ми каже за тоа“, реча Татјана за свокот син Матеј кога беше помал, кого го има од бракот со музичарот Благоја Грујовски.

Во Слободен печат, таа зборуваше за својата професија: Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен.

Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста.

Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд.

Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно. Гледачот е барометарот, тој го проценува сето тоа и го препознава. Во мојата професија е многу важно да ја добиеш довербата на гледачот, да те почитува, да ти верува и да си подготвен да го одржиш сето тоа низ годините во континуитет и со ист интензитет.

Во една прилика, во Бекстејџ, Татјана раскажа за својот парнер Михаил, и за тоа со што тој ја освоил и како се запознале, и меѓудругото, таа кажа:

Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек,вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочем сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил.

Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската“ , рече Татјана и го спомена синот.

– Студира историја. Добро момче е, во глобала, имаме добар однос изградено добра конекција како мајка и син. Секако, има моменти кога за некои теми можеби немаме исти мислења, па има опонирање.

Но,секогаш на крај се сведува да ги почитуваме неговите ставови. Знае што сака, што е многу важно, така што, тоа го почитувам кај него, и ете досега не сме имале некои поголеми несогласувања“, кажа Татјана во Бекстејџ за својот син пред две години.

Татјана Стојановска во Слободен печат на тема што прави денеска раскажа на читателите на Слободен печат што прави и како и минуваат деновите. Таа во текстот го спомена својот партнер Михаил Китановски со кој живее, но и синот кој е веќе свој човек и живее сам.

-Си пијам нес кафе со една лажичка шеќер, попарено со топла вода и без млеко.

Ако Михаил сѐ уште не е излезен по работа, нему му приготвувам чај со мед и лимон и додека се расонуваме и уживаме во кафето и чајот, правиме план за денот“ , рече Татјана.

Потоа раскажа дека се подготвува за вестите кои ги чита три пати во денот, и кога ќе дојде дома гледа филм или серија со Михаил, а понекогаш одат и на дружба со нивните заеднички пријатели.

Таа раскажа дека си легнува околу 23 часот, и сака да види што има ново на социјалните мрежи, а откри и дека во последно време сака да слика и дека тоа ја опушта и ја релаксира. Во овој разговор, Татјана го спомена и својот син, за кој рече дека не живее со нив.

-Ако не сум на работа, денот го користам да прошетам во природа, а најчесто деновите кога сум слободна ги користам за да одам на гости кај син ми, кој живее сам последниве неколку месеци, па или одиме на ручек заедно, нешто да пазариме и да се подружиме“, изјави Татјана.

На новата слика која ја објавила на Инста, Татјана целата блеска, а заслужен за тоа е нејзиниот среќен и исполнет живот. Таа е секако убава жена, но овде изгледа посебно, а сликана е на нејзиното работно место, во студиото на Канал 5.

Previous articleПо подолго време, објавена слика од актерoт Трупче, еве како изгледа сега и што прави во пензионерските денови
Next articleСе собрала цела Ју естрада да пее во Скопје во чест на само еден човек- еве кој ги споил Халид, Жељко, Грашо…