Home Live Латас за првпат откри приказна за својата сопруга и искрено раскажа кои...

Латас за првпат откри приказна за својата сопруга и искрено раскажа кои услови ги добиле за да се земат

Драган Павловиќ- Латас е еден од нашите најпознати новинари од ТВ Сител, кој секој понеделник ја има својата редовна колумна „Понеделнички“, на порталот весник.ком. За Латас приватно се знае дека е семеен човек.

Во емисијата „Нешто конкретно“, која ја води Снеже Велков, гостуваше и Латаса меѓу другите гости, а гемета бепе поврзана со свркрвите, снаите, бабите и дедовците.

Латас за првпат откри една приватна приказна поврзана со сопругата, со нејзините родителители и со неговите родители, а ја почна од времето кога тие биле млади и требале да се земат.

– Јас станав зет многу рано. На свои години.. Мојата сопруга, жена, се пмажи за мене кога имаше 19 ипол години. Бабата имаше 40 години, тоа е некаде колку ти“, и кажа Латас на Снеже Велков, па потоа додаде:

И сега можеш да замислиш како изгледа човек кој има 23 години, жена од 19 ипол и баба од 40, па жена ми има тетка која има 37, и така се некои жени во фамилија. Имаше и згодни.

Знаеш како, ништо посебно не ми рекоа, кога јас се женев, требаше на некого од таму да се каже дека невестата е трудна и дека треба да се зимаме. Татко ѝ во тоа време беше професор и декан на Машински факултет.

И чекавме мајка ѝ да си отиде да прошета негде, да го најдеме на само, бидејќи со него беше полесен муабетот, и тогаш седнавме вака, реков јас ќе му кажам, па најдовме прилика, и јас му викам:

– Види, ние треба да се земеме. Како да се земете? Па така фино, му објаснувам биолошки, како изгледа тоа. И он малце се шокираше. И рече: Чекај да се облечам, тоа не може вака.

Лето беше, некои кратки пантолони.. А таму има огледало, кое има поглед на нивното купатило. И јас гледам, он си заплака, па дојде на себе. Потоа поразговаравме. И рече: Добро, има еден услов.

Што е? Таа мора да заврши факултет. Тоа беше условото. Второ- да збориш со твоите, и трето- да чекате да дојде мајка ти, да се разговара и со неа, да не го кажувам тоа јас, да не настра-дам.

Заврши тоа. На татко ми кога му кажував на ручек не веруваше. Добро, дај да јадеме па после ќе збориме за тоа. „Како после ќе збориме, треба да се женам, дали си нормален?

Ми вика: ти си зборел ли со нејзините? Му викам- па нешто почнавме муабет. Вика, младо е девојчето, треба да се издржава тоа. Треба да се работи. Кој ќе работи од вас. И такви практични муабети. Но, кога имаш баба од 40 се е полесно“, рече Латас.

Потоа Латас рече дека на бабата и на дедото им се обраќал по име, а не со бабо и дедо. „Мене ми е тоа глупаво, да глумиш мајки и татковци.

Сега гледам, ние и за нашите мајки и татковци волку фина атмосфера не кажуваме, колку за туѓиве татковци и мајки на жениве и маживе.

Мое е да ги почитувам мојот татко и мајка, нејзино е да ги почитува нивните родители, јас сум тамо втор по значење од почитувањето. Ако имам некој проблем, она треба да го реши со нејзините родители и обратно.

Не се сакам да влегувам во директни конфликти. Ти имаш одговорност за своите родители“. рече Латас. Потоа кога Снеже го праша: Кога ќе се скараат снаата и свекрвата дали треба да се вмеша синот, а тој рече не.

Потоа Латас праша: Која жена има лутина повеќе од 24 часа, а Снеже рече: Јас. Аууу, тешко на маж ти, ѝ одговори Латас.

Видеото од интервјуто со Драган Павловиќ Латас, можете да го видите ТУКА

Previous articleСоња и Јохан Тарчуловски со нов имиџ шетаат низ Европа, открија што им е многу важно (ФОТО)
Next articleСнеже Велков изненади со изјава за маж ѝ: Мојот сопруг знае да каже дека има чувство како да се оженил со стоногалка