Home Live Александар Митевски објави интересна приказна својата сопруга Ана, ова не сме го...

Александар Митевски објави интересна приказна својата сопруга Ана, ова не сме го знаеле досега за неа

Композиторот и пејач Александар Митевски е кантавтор кој 25 години прави песни за себе и за други и паралелно работи на повеќе проекти кои се присутни во јавноста, а тој не е експониран.

Вели, атмосферата на сцената во последните години, па и деценија била таква што „условно кажано“ тој и музичарите од релативно „постарата“ естрадна екипа не биле присутни и активни.

Во 1992 му е првиот настап со рап групата ОК бенд, во 1995 прва солистичка песна, во 1996 – прва награда на „Макфест“ за „Виолина и гитара“ на Дуле и Коки – како текстописец.

„Срце тетовирано“, „100 проценти фанки“, „Латино ЦД“, „За век и векови“, „Душа калдрма“, „Еднаш човек живее“, „Мојот град“… се негови или песни што ги напишал за повеќето изведувачи од македонската сцена, објави во една прилика Независен весник за овој наш познат музичар.

– Едноставно не сум личност која по секоја цена се натура. Јас сум кантавтор, човек што прави песни за себе и за други и паралелно работам на повеќе проекти кои се присутни во јавноста, а не сум јас тој што е експониран.

Неодамна гостував кај Драган Б. Костиќ во неговата емисија и за мојот портрет многу луѓе беа изненадени, не знаејќи кои сè песни досега сум ги напишал.

Едноставно, и атмосферата на сцената во последните години, па и деценија беше таква што „условно кажано“ ние од релативно „постарата“ естрадна екипа не бевме присутни и активни.

Веројатно сплет на повеќе врзани нешта. Затоа и луѓето постојано носталгично прашуваат зошто не се активираме повторно и зошто нема хитови како во 90-тите години“, изјави во тоа интервју Митевски. Сега, тој е доста актуелен по дуетот со Драган Спасов- Дац, и заедно прават музика и доста хитови.

Митевски е горд на својата сопруга Ана, за која на Фесјбук објави интересна приказна, тоест нешто со што јавнста беше послабо запознаена.

– САКСОФОН – ПРВА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА АНА МИТЕВСКА Во галеријата на Кинотека на РСМ, синоќа беше поставена изложбата на уметницата Ана Митевска, која за првпат ги истакнува своите уметнички творби пред очите на јавноста.

Станува збор за музичко – артистички перформанс кој се организира по повод претстојниот роденден на Општина Карпош (3. ноември).

Покрај љубителите на сликарскиот израз, изложбата ја посетија и реномирани домашни уметници, актери и музичари.

Првиот јавен настап на уметницата од Карпош, свечено го најави познатиот македонски актер Драган Спасов – Дац, кој преку воведна реч ја промовираше изложбата под наслов „Саксофон“.

Имено, овој музички инструмент е појдовна инспирација за ликовната артикулација во уметничките дела, преку кои талентираната Митевска на апстрактен начин го пренесува на платното, звукот кој е најблизок до човечкиот глас.

Серијалот од 30 слики е изработен во акрилна техника на платно, каде што соодветните топли бои и изобилството на земјени тонови резултираат со колоритни емоции, кои во уметницата ги има разбудено самата природа.

Вечерното визуелно доживување беше испреплетено со суптилните звуци на саксофонистот Горан Папаз, чија мелодија спонтано се „прошета“ низ просторот на изложбениот салон во Кинотеката.

Во галеријата беше поставено и бело платно, на кое секој посетител можеше да повлече слободен потег со четката и на тој начин да учествува во создавањето на апстрактното дело, кое потоа Митевска ќе и го подари на Општина Карпош, по повод 46. роденден на локалната самоуправа.

Изложбата ќе може да се погледне во текот на следните седум дена во галеријата на Кинотека“, стои во објавата на гордиот сопруг до која тој доби многу честитки од пријателите.

Previous articleТаткото на Лидија и на Тања Кочовски собрал сила, и со солзи во очите го направил ова за својата Невена која се упокои летово
Next articleСнежана Лупевска по подолго време се појави со сопругот во јавност- облече чипкан фустан и позираше со саканиот (ФОТО)