Home Live Кристина Димитри се опушти во друштвото на овој наш познат пејач- еве...

Кристина Димитри се опушти во друштвото на овој наш познат пејач- еве колку раскомотена дојде на важен настан (ФОТО)

Македонската мисица,модел и се почесто пејачка, Кристина Димитриевска добро сфатила дека поголемиот дел од денешните новопечени пејачки не поминуваат без провокација- објави во една прилика Вистина.

Присутните посетители во ноќните дискотеки и клубови навикнаа на ваква глетка, а бидејќи пејачките од српската естрада се се’ почест избор, наша Кристина Димитри мора да им парира, ако не и да биде попровокативна односно пора-зголена од нив.

Животот во 2019 година ѝ сервира победи на избор на убавина, и пораз на личен план.

Во 2019 Кристина Димитријевска (25) од Тетово беше најфотогенична убавица на Мис Глоуб во Улцињ, а годината ја заврши како мис Балкан, на меѓународниот избор на убавина во Белград.

По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.

За најтешката одлука во својот живот, за улогата како мајка, за пробивот на музичката сцена и што значи да си мис, Кристина откри во интервјуто за „Женски магазин“.

-Мојот прв избор за мис беше на моите 15 години. Се сеќавам многу добро на тој избор, иако бев малечка. Се одржуваше во скопската дискотека „Колосеум“ која веќе не постои.

Тој момент кога слушнав Зимска Убавица за 2013 година е Кристина Димитријевска, нема да го заборавам никогаш. Колку титули и да следеа после тоа, таа првата секогаш ќе биде посебна за мене, зашто тој момент го сонував како малечка.

Кога сме веќе кај изборите кои следеа, собрав доста титули. Би ја издвоила Новогодишна Балканска Убавица на само 17 години.

Искрено никогаш не ми било важно за наградите. Најголемата награда беше што го живеев својот сон.

Јас се подготвувам така што се посветувам на себеси повеќе од вообичаеното, одам на построг режим на исхрана и вежби. И гледам да не си ја трошам енергијата залудно.

Затоа што некои избори се напорни да се издржат. Со долги проби, на штикли по цели денови, неспиење.. Но, големата љубов кон оваа работа ми дава сила и мотивација.

– Јас сум амбициозна и полна со љубов. И таа љубов моментално е насочена кон моите најблиски и зацртаните цели. Сѐ започнува од самите нас, и љубовта и среќата и тагата.

Јас од мојот брак со Даниел го добив најубавото животно дело, а тоа е моето ангелче Давид. Се разведовме затоа што не сме биле еден за друг.. А јас се водам по тој мит, подобро добар развод, отколку лош брак.

Нашите релации се сведени само на бивши сопружници. Животот оди понатаму“, рекла Кристина во Женски магази. Таа е сега една од најпопуларните на Инстаграм а таму е потпишана како Кристина Димитри. Во меѓувреме, стана и пејачка и настапи на Макфест.

Она што Кристина го облекла на забавата на естрадниот магазин „Бекстејџ“, сигурно дека привлекло доста внимание, затоа што со оааа уникатна крекација, вака раскомотена , таа изглеала топ.

Стасала на црвениот теших со Зоки Фаци, а потоа, уживала во друштво на пејачот Драган Телемков, познат како Џони кој е познат по ноќните свирки низ Скопје и низ цела Македонија долги години наназад.

Previous articleСпасе од Сител раскажа искрена приказна: Талентиран сум, успешен, одам на патувања во лукс хотели- радувајте се души ситни !
Next articleАгнеса ослабе, се дотера и се сликаше со својот Супермен (ФОТО)