Home Live Маријана од Австралија ја закачаа на Фејс- извесна Паца ја прати да...

Маријана од Австралија ја закачаа на Фејс- извесна Паца ја прати да се „олесни“, а Маријана на ова ѝ врати вака (ФОТО)

Маријана Новачевска е позната по многу убави песни, а секако најпозната и најпеена и денес е „Признавам“, песна која ја знае и млади и старо, а ја испеа одамна со нејзината сетра, Росана Сариќ- Тодоровска.

Повеќе од 30 години, живее во Мелбурн, Австралија. Во Мелбурн, исто така живееше и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.

Познатиот композитор Тоде Новачевски, кој ги напиша најголемите хитовина Маријана и Росана, и ја испеа насловната тема од серијата „Трст виа Скопје“, како што е познато се упокои во февруари во Австралија каде што долги години живееше.

Заслужен е за многу хитови што ги испејаа Маријана и Росана и не само тие. “А од љубов не се бега” од Зафира Хаџиманов ”Ако не исчезнам”, “Признавам”, “Има една судбина”, “Трст виа Скопје”, “Свири ми брате цигане“, се дел од нив.

Тоде до самит крај беше во одлични односи со својата поранешна сопруга Мријана, и беше татко на две деца, а подоцна и дедо на Ева која му е внука од синот Филип и снаата Анастасија, а инаку има и ќерка Магдалена.

Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови.

Росана Сариќ за Женски магазин раскажа дека токму Александар Митевски успеал да ја убеди повторно да се врати на сцената, а приказната започнала од „Спомени“, песната која таа ја испеа на „Макфест“ во 2019 година, и продолжила со „Едно срце имам душо“.

-После некое време Александар повторно на негова иницијатива во договор со мене, ја направивме и на некој начин повторно ја оживеавме песната „Едно срце имам душо“ со кавер верзија во чест на Тоде.

Јас ја препеав сама заедно со нив и испадна повеќе од успешно. Веќе имавме настап, односно јас им бев гостинка на промоцијата на песната во прекрасната „Трибека“ каде што атмосферата, публиката и ние заедно со нив направивме вечерта да биде вечер за паметење.

Александар е прекрасен човек и врвен професионалец и му благодарам за сè. Дац е прекрасен актер и добар човек. Спојот заедно со нив, со такви професионалци мене ми дојде како лек на душата“, изјави Росана.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријана на Фејсбук објави своја убава фотографија за која доби доста комплименти, и рече дека ја нашминката Магдалена, нејзината ќерка. До оваа слика Маријана напиша:

Мамино сонце Меги се играше со шминката па ја направи мама барем 45 минутки помлада“, напишала Маријинама а таа инаку на Фејсбук секогаш има весели и шеговити коментари за многу нешта.

Но, потоа објави уште еден интересен пост: „Пред се да ви се заблагодарам ама баш на сите за вашите комплименти. Мојата Фејсбук пријателка која лично не ја познавам ми остави силен впечаток со нејзиното потсетување кога треба да се олесниме.

Паца Попоска, мило ми е што мислиш на мене и моите нужни потреби.

Со надеж дека ќе те насмеам малку ти ја праќам третата сликичка од овој пост, и ти посакувам само убавини.

Биди ми здрава, жива и тро малку позитивна“, напишала Маријана, и ги објавила коментарот од Фејсбук пријателката, нејзина фотографија, и третата слика на која таа ѝ праќа шеговита порака.

Previous articleБитолскиот професор не им молчи – сега ги поткачи професорите од средните школи кои предаваат математика
Next articleСпасе од Сител раскажа искрена приказна: Талентиран сум, успешен, одам на патувања во лукс хотели- радувајте се души ситни !