Home Live Спасе од Сител раскажа искрена приказна: Талентиран сум, успешен, одам на патувања...

Спасе од Сител раскажа искрена приказна: Талентиран сум, успешен, одам на патувања во лукс хотели- радувајте се души ситни !

Спасе Јовановски е познат новинар, а во моментов е ТВ презентер на временската прогноза на Сител. Тој е инаку ПР на Лила Стојановска која е негова добра пријателка.

Тој неодамна на својот Фејсбук профил напиша: “ЦРВЕНКАПО” Пред точно 10 години, бев меѓу првите ако не и прв што облеков ЧИШ црвена патика…

Тогаш коментарите беа: “Кај ги најде женскиве патики” “Пе. еp ски! У живот не би облекол” “Се знае кој носи црвена боја”.

ЅВЕЗДЕТИНА ко мене, не коментираше нишо, пошо знаев дека сум 10 год пред сите.
Времето минуваше и од ден на ден, па се до ден денес, секој барем еднаш облече цревена патика…

Знаете како вели една поговорка. “Прво ќе ти се смеат, после ќе те копираат” Фото- Ролована архива 13 јан. 2011“, напиша Спасе на Фејсбук неодамна.

Тој на шеговит начин има коментирано за својата работа: Дои да ти бидам дечко! Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“. Тој инаку секогаш пишува интересни статуси на својот Фејсбук профил, а една од нив оди вака:

-Денес, на гости ни беше најмладиот обожавател на “Временска Прогноза” Лука! Ме гледал од мал, па изразил желба лично да ме запознае, и да ја види магијата на телевизијата и како се совршено функционира овде во “Сител” 24/7.

Се изненади од мојата висина (мислејќи дека сум колку тв) па му требаше малку време да се адаптира. Кога дете те сака, значи има нешто.“, објави тој во една прилика.

Една своја искрена приказна раскажал Спасе на Фејсбук, по настан на кој бил, и се однесува на тоа какви се луѓето со него, тоест како се однесуваат со него:

– Вчера естрадниот магазин “БЕКСТЕЈЏ” го прослави својот 15 роденден. Сите собрани на куп, убава забава, награди, дотерани, недотерани и секако КИЏЕРАЈ!
Тоа е веќе стандард за било која прослава кај нас. НО!

Јас забележав нешто друго… Меѓу присутните беа и оние кои ПРВ ПАТ моите очи низ златните “Cartier” ги здогледаа.

Оние силните на тастатура и бацање хејт, што на инста што на твитер а и на фб, а кога ги здогледав ШУШУМИГИТЕ во живо не знаеа на која страна да се свртат!

Доволно беше само што накосо ги погледнав, и им дадов на знаење дека се обични сиротињи. Затоа што не вредат зборови а камоли нешто друго да се превземе. Умислени, а небитни пацови!

Па едно време си викам, и ја да бев на нивно место можеби ќе бацав хејт! Момак висок 190! Талентиран! Успешен! Забавен! Обожаван од многу! Работи на НАЈГЛЕДАНА ТВ во МК!

Најдобра другарка му е најголемата во МК! Секогаш дотеран! Секогаш намирисан! По неколку пати годишно оди на патувања во ЕКСТРА ЛУКС ХОТЕЛИ… Психолозите велат:

Фрустрираноста, потекнува од чувство на несигурност и небездедност што произлегува од чувство на неможност за исполнување на потребите! А јас за крај ќе кажам…

“Радујте се душе, ситне продане. Од исте сте р’џе сковане!” НАЗДРАВЈЕ!

Previous articleМаријана од Австралија ја закачаа на Фејс- извесна Паца ја прати да се „олесни“, а Маријана на ова ѝ врати вака (ФОТО)
Next articleКристина Димитри се опушти во друштвото на овој наш познат пејач- еве колку раскомотена дојде на важен настан (ФОТО)