Home Live Сузана Јовановиќ: Сакаат да ни го упропастат бракот со Саша, му подметнуваат...

Сузана Јовановиќ: Сакаат да ни го упропастат бракот со Саша, му подметнуваат дека е во врска со некои пејачки

Свадбата на синот на Сузана Јовановиќ со денови беше тема на тамошните медиуми. Данијел, кој е продуцент во телевизијата Гранд, се ожени со својата долгогодишна девојка Тијана, која исто работи во Гранд.

Бројни познати личности се собраа на раскошната прослава одржана во еден од најлуксузните ресторани во Белград.

Иако свадбата на синот на Сузана Јовановиќ помина добро, Сузана во едно интервју откри дека тој ден во ниту еден момент не размислувале за биолошкиот татко на Даниел.

– Не, не, не помисливме на него ниту една секунда. Долги години немаме контакт со него. Ниту сега не се јави и верувам дека никогаш нема да се јаву.

Сале е таткото на Данијел, воедно и другар и најголема поддршка му е тој, сè научил научил од него. Селе му ги всади вистинските вредности и сè што има денес е благодарение на него.

Тој е неговиот татко и повеќе од тоа. Меѓу нив има почит и љубов. Тој е дете на друг маж, но како што реков во неколку наврати – таткото не е тој што го прави детето, туку тој што го воспитува и го води на вистинскиот пат и го прави маж – рече Сузана.

Сузана откри дека ги повредиле натписите, но и приказните за тоа колку пари заработиле на свадбата.

„Прво, многу е одвратно да се зборува за бројки, а се пишуваше дека децата добиле 100.000 евра за свадбата во подароци.

За тоа нема никаква дискусија, далеку е од таа бројка. Втората работа, прочитав дека пишуваше дека децата заедно немаат отидено „пет дена на училиште“.

Морам во оваа прилика да кажам дека нашите деца се многу добро образовани. Данијел завршил инженер во Љубљана, а нашата снаа завшри економски факултет.

Тие се академски граѓани, остварени, со факултет и многу е злонамерно да се пишува така“, откри претходно Сузана за медиумите.

Откако се појави автобиографијата на Неда Украден во која пејачката тврди дека била во врска со Саша Поповиќ, сè повеќе се појавуваат приказни за тоа со кого бил поранешниот хармоникаш.

Господин како и секогаш, Поповиќ не сака да зборува за жените со кои бил во врска, но тврди дека јавноста не знае ниту дел од неговиот љубовен живот.

– Тоа што го напиша Неда не е баш точно. Јас како јавна личност би можел да напишам книга која ќе ги урне сите овие изданија од сцената.

Тоа сигурно би била најпродаваната книга во оваа земја. Но, не сакам да откријам со кого бев пред Сузана. Секој има своја политика и желби. Исто така, не е точно дека Брена и била љубоморна на Неда – рекол Поповиќ.

Сузана никогаш не ја интересирал каков бил љубовниот живот на Саша Поповиќ, бидејќи знае дека откако е со неа, некогашниот голем заводник, не обраќа внимание на другите жени.

Меѓутоа, приказната што се појави минатото лето, дека Саша е во врска со поранешната кооператорка, Ива Гргуриќ, ја исфрли пејачката целосно од колосек, но не затоа што не му верува на Саша, туку затоа што верува дека лицето кое ги шири тие приказни се обидува да го растури нивниот брак.

– Немав поим која е Ива Гргуриќ додека не се случи да ја видиме подоцна во Задруга. Сале и јас се смееме на оваа глупост, но навистина е дно!

Таа побарала да се слика со него во ресторан во Опатија, а тој секако се согласил, не ни знаел која е девојката. Изгледа дека сето тоа го прават намерно и се многу упорни.

Не знам од чија кујна доаѓа, ниту ги знам нагоните, но како да сакаат да се борат со нас, па ја наместуваат оваа Ива и некои пејачи. Гледам дека некој сака да си игра со туѓите животи, но, добро, сето тоа се враќа.

Што би рекол нашиот народ, прашина се крева зад добар коњ. Такви работи мора да се прават, тие се вистински, претпоставувам дека се прочитани и им носат популарност на тие девојки.

Кај нас сè е во ред, ние сме хармонично и сосема нормално семејство – изјави тогаш Сузана, која е вљубена во Саша над две децении.

Previous articleФуркан Салиу по оставката на Софијанова: Многу ме интересира што ќе кажат сега оние кои ја бранеа и велеа дека прилогот е нарачка
Next articleИма вкус, но и кеш: Анастасија Ражнатовиќ ја „запали“ Севиља со оваа модна комбинација (ФОТО)