Home Live Благица Павловска се појави во јавноста по операцијата- еве како изгледа сега...

Благица Павловска се појави во јавноста по операцијата- еве како изгледа сега и во чие друштво се смее (ФОТО)

Легендата на народната музика Благица Павловска, во едно интервју зборуваше за почетовите не нејзината кариера, која е секако успешна и со многу, многу хитови. Интервјуто го даде за aleksandrovaastrologija.wordpress.com

-Со оваа професија се занимавам изминативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста.

Првпат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа итн.

-Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа не знаев и не ја осознавав вистината.

Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.

Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес, мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.

Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види. Оној што сака да ти наштети може да ти наш-тети и на поинаков начин.

Со самото пеење јас сум во друга димензија. Тоа е на едно повисоко ниво. Високите битија кои ме водат во мојот живот за да го остварам она што треба да го остварам и е по Божја промисла.

Според животната филозофија на Благица Павловска, нашата позната фолк пејачка, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата.

Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек. Благица себеси сe смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со страв, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стре лаат од некоја причина.

Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи. Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели. Од старт наидов на тоа.

Она што знам за себе е дека сум секогаш пријателски настроена кон сите, пред се со љубов го работам она што го работам и што пеам и она што ќе го одберам како песна.

Значи сакам секогаш да биде во позитивна смисла за да можам да побудам кај оние што ме гледаат и слушаат позитивна мисла и позитивен ефект од сето тоа а не да биде за да некој ме гледа лошо или мисли така како што мисли“, рекла Благица.

Благица неодамна на својот профил објави дека имала интервенција на десната рака и ги загрижи нејзините обожаватели.

„Најголемата благодарност за успешната операција на десната рака. Третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски и на мојот животен ангел чувар, д-р Вики Толевска.

Ви посакувам од срце, долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. После секое ваше успешно животно дело, воедно голем поздрав, трауматологија и до сите доктори.

Благословени да сте од Господа и секогаш спремни за спас на човечкиот живот. Да живее 8ми септември, воената болница и нашата мила Македонија, напиша Благица на нејзиниот профил.

После интервенцијата, Благица повторно се огласи на својот профил дека целиот процес завршил успешно и пејачката ги почестила своите медицински сестри во кафана.

Сега, музичарот Трајче Толевски објавил слики со Благица од снимањето на емисијата „Мерак меана“, на која се гледа дека Благица изгледа супер по операцијата, и е насмеана во негово друштво.

Благица е позната како храбра жена, која во животот се соочиласо доста предизвици, убави и неубави, па така и овој проблем го надминала со позитивна мисла.

„Убавина што трае“- вака Толевски ги опишал фотографиите со своите колешки меѓу кои е и Благица, и бил во право за овој опис.

Previous articleМелани Тарчуловска ја отвори душата за времето кога татко ѝ бил во Хаг, кажа што ѝ рекле од дома- подоцна ја дознала вистината
Next articleСпенџарска е добра домаќинка, се пофали што прави по дома кога е сама (ФОТО)