Home Live Eве зошто Лила многу сака кромид и луто пиперче, не е балканска...

Eве зошто Лила многу сака кромид и луто пиперче, не е балканска работа, добро е за здравје

Лила Стојановска или Лила Филиповска е бренд. Лила веќе 11 години го води квизот „Се или нешто“ за кој во една прилика изјави:

– Во овие сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка.

Мојот проект на животот” “СЕ ИЛИ НЕШТО” уште една нова сезона на Сител Тв.. Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа. Бидете со нас и сега нема да ве разочараме“, најави Лила неодамна.

– Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Ова е едно вистинско реално шоу на луѓе од соседството. Па, сме и имале и кавга помеѓу сопружници- Ти не ме послуша, требаше да земеш волку или волку пари. Имало сè и сешто, но ќе остане запаметена онаа моја реакција по земјотресот пред неколку години.

Таа заврши во странските портали. Не сум јас Робокап, ниту некоја силна жена, едноставно не можеш да се правиш силен пред силата на природата. Тогаш сфаќам дека сè е психоза. Како реагира првиот, така реагираат сите.

Ако јас тргнав да бегам, ќе го направеа тоа и сите. Апсолутно се чувствував безбедно, затоа што нашата телевизија ја има таа сеизмолошка безбедност“, рече Лила.

Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот. Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно.

На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.

На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, изјави Лила и потоа додаде:

Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца.

Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот, со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет.

Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе, изјави Лила за својата работа.

За неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме истепа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разулавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме тепа сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Јас многу сакам свадби, посебно свои“, рече Лила и додаде дека ужива да носи класична венчаница во која се чувствува како принцеза.

-Јас за третпат, ако некој се прелаже да ме земе, зошто да не. Веројатно преку Спасе идат сите мои доворувачи, меѓутоа јас ќе кажам да, не се вели не ако некој ти понуди брак“.

Лила и Спасе излегле по најголемиот дожд во Скопје и се забавувале јадејќи ќебапи и хамбургери. Спасе објави видео од него и од Лила како земаат храна за носење д познат скопски ресторан за брза храна.

– Врне! Ви се јаде сочен хамбургер или пак 10 со мноогу кромид!? Сега не мора ни да излегувате од вашиот автомобил..“, напишал Спасе и ја објавил Лила како зема храна од автомобилот.

Лила повторно објави дека јаде ќебапи со кромид и луто пиперче. Всушност сликата со чинијата полна задоволство првично ја објави профилот Destan.drivethru, a Лила ја ре-објави.

Во описот стоеше: „Легендата вели… Ќебапи, кромид и луто пиперче. Месото е за да те нахрани. Кромидот има антибиотско дејство и го разложува холестеролот.

Лутата пиперка е добра за крвните садови. Тоа е комбинација која не е од вчера и која што низ вековите се покажала како добра.“ 

Previous articleЈанко Илковcки ја прегpна нашата атрактивна водителка, повисока е од него ама не му пречи (ФОТО)
Next articleНикола се огpади од Данела и порача: Кој сака да верува, нека верува – со Мицкоcки не сум се видел во изминатите неколку години