Home Live Игор Џамбазов откри досега непозната приказна за својот татко маестро, гордо застанал...

Игор Џамбазов откри досега непозната приказна за својот татко маестро, гордо застанал пред публиката и раскажал

Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото.

Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова.

Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар, објави Вистина во една прилика. На 25 јануари годинава, овој голем музичар замина во вечноста.

Џамбазов е татко на актерот Игор Џамбазов, на Таткана Џамбазова која е архитект и живе во Америка. тој никогаш не ја прежали загубата на својата Анче, познатата актерка Анче Џамбазова.

-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор Џамбазов ја Инстаграм за својот татко на 25 јануари годинава, кога овој голем музичар се упокои.

„Таа беше обожувана и од жените и од мажите, што е вистинска реткост. Старите скопјани велат дека била една од најубавите жени после земј-отресот. И секако уште како 16-годишна ќерка на Петре, се возела низ Скопје на веспа, половина скопјани биле заљубени во неа.

Но, ете срцето ѝ го освоил еден, пто би рекол дедо ми Петре, музикант. И кога сакавме да го изнервираме татко ми, мајка ми, јас и дедо ми, јас секогаш, давав изјави по разно- разни интервјуа, дека по дедо ми го имам талентот за глума, а по мајка ми го има талентот за музика.

Татко ми секогаш се нервираше“, рече Игор Џамбазов во документарниот филм за својата мајка.

Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот ,,Гола месечина 2019″ од страна на Општина Аеродром, и беше прикажан пред две години, а во него зборуваше и Александар Џамбазов.

– Многу ми е тешко да зборувам, како свесни да дојде во ситуација, мислејќи за Игор се најдобро, бидејќи Тања отиде како многу млада низ цел свет, и целото внимание остана кон Игор“, изјави композиторот Џамбазов во овој документарец, а Игор се надоврза:

– Анче како сопруга? Само поблиските знаат дека семејството Џамбазови живееше во матријахат, а не во патријахално општество, кое беше нели, оној начин на луѓето кој беше нели за вреем на соција-лизмот.

Татко ми не беше шеф на семејството, тој беше член на семејството. А шеф, директор и началник на семјството беше госпоѓа, или во тоа време, другарка Анче“, додаде Игор.

Сношти во Филхармонија се одржал концерт во чест на маестро Џамбазов насловен како, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.

-Тој беше Џим Кери за тоа време. Овде не сме дојдени да го жалиме Џамбазов, туку да ја славиме неговата музика“, рекол Игор Џамбазов, а пренесе Женски магазин.

-Тој многу сакаше да прави расолница. Ми се чини дека цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“.

Имаше 19 песнички на тој фестивал. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, раскажал Игор Џамбазов.

– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, знаеше да ми каже дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рекол Игор за својот татко.

Previous articleЕве како сега изгледа и што прави убавицата Драгана Чуприна, се проба во политиката, и сега сосема се повлече од јавноста (ФОТО)
Next articleБреговиќ се повреди возејќи ја неговата „играчка“, не смее да мрда- ова му се случува втор пат