Home Live Канал 5 е „опасна“ зона за шетање, бидејќи Вера Мештеровиќ е таму...

Канал 5 е „опасна“ зона за шетање, бидејќи Вера Мештеровиќ е таму – водителката слатко се насмеа поради ова (ФОТО)

Во новото интервју со Вера, Машки Магазин напиша што е таа всушност по професија, а нашата убава мисица и водителка даде искрени одговори на многу теми, а меѓу нив и за мажите.

-Кога се Македонките во прашање, дипломираната менаџерка за царина и шпедиција – Вера Мештеровиќ, која работи и како телевизиска водителка, ги поседува буквално сите карактеристики, без исклучок“, пишува во Машки Магазин.

Ја прашале: Кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?“, а Вера пак одговорила:

-И едното и другото. Сакам кога е комплетно. Малку е неблагодарно вака поставено прашањето и лесно може да се извади од контекст, но веќе кога треба да кажам – ми значат и двете работи.

Вера, кога ја прашале која е тајната на успешниот, среќен брак или љубовна врска рекла дека толерантноста има особена важност.

„Да, толерантноста, почитта, балансот, прифаќањето, разбирањето,а не менувањето од страна на партнерот“, изјавила Мештеровиќ која има две деца од бракот со фудбалерот Игор Кралевски, со кој се разведе пред неколку години.

Исто така, на прашањето кои квалитети ги бара во мажите, таа рекла:

-Се разбира, самодовербата, заштитничкиот однос во права насока. Да биде вистински животен сопатник, сродна душа, неговата благородност е особено важна ,да биде сѐ – и другар, пријател и љубовник и потпора и мотивација, и во добро и во лошо- изјавила Вера.

Вера Мештеровиќ (40), со својата безвременска убавина и однесување остана синонним за успешен топ модел.

За Мис на светот во Индија каде што беше во далечната 1996 година, Вера изјави дека најмногу ќе го памети по тоа научила многу за убавината од друг агол.

Tаа додаде дека не треба да се потпира само на надворешната убавина и изгледот, туку да работи на себеси и да развива други способности, убавина со цел.

За неа, ова искуство кое го имаше во тинејџерските денови е нешто што и понатаму ѝ помага во животните предизвици и денес.

Тогаш 17 – годишната тинејџерка, во таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија.

Иако од тогаш до денес поминале 26 години, македонската мисица изгледа речиси исто како и тогаш. Вера и нејзината убавина како да се замрзнати во времето.

Вера последниве месеци е актуелна како водителка на Утринската програма на Канал 5, а во една прилика на Фејсбук се појави фотосесија во која се гледа дека таа пак ѝ се вратила на својата стара љубов- манекенството.

Вера позира во хотелска соба на еден скопски хотел кој го рекламира а објавата на хотелот вели: Добро утро и убава недела од Г хотелс Скопје. Специјална благодарност на Вера Мештеровиќ која ни позираше“.

Добро утро, драги гледачи! Посакувам убаво, среќно, работно да ни тргне оваа нова работна недела…. Очекувајте, наскоро… новото студио е во подготовка

Гледајте не секое утро со вас,за вас утринската програма Здраво Македонијо од 6:50ч до 10ч. на Канал 5 телевизија“, напиша Вера.

На сликата, таа е со лопата во рала, спрмена да го ребновира новото студио.

Исто, неодамна Вера објави своја нова слика од Канал 5 телевизија, всушност Вера никогаш не изгледала подобро. На сликата која ја фотографирал нејзиниот колега Роберт Јанков, таа е облечена во син мини фустан.

-Еден од деновите во Канал 5 телевизија. Кога имаш уредник кој знае со фотоапаратот и те фаќа на пауза помеѓу сликање…

По правило најспонтаните фотографии се секогаш најдобри, а оваа е токму таква фотка…Благодарам Роберт Јанков, напиша Вера до сликата.

По актуелните случувања периодов со кои се соочија средношколците, и нашата водителка Вера беше спомената во сето тоа.

Во статус на Мартин Толовски се спомена всушност и Вера која слатко се насмеа на неговата шега, која гласеше:

„И јас на времето сакав на МВР да им пратам порака дека у Корчагин има б ом ба ама ми беше глупо да не ја демонтираат Вера Мештеровиќ.“

По ова можеме да заклучиме дека треба да се пазат и оние кои се движат на просторите на Канал 5. Таму каде што е Вера, не е мирно.

Previous articleСања Кужет и Карлеуша го привлекоа вниманието на целиот Балкан на црвениот тепих – едната во фустан од преку 10к долари (ФОТО)
Next articleМаријана емотивно се сети на Тоде Новачевски, и му ја посвети оваа песна