Home Live Сања Кужет и Карлеуша го привлекоа вниманието на целиот Балкан на црвениот...

Сања Кужет и Карлеуша го привлекоа вниманието на целиот Балкан на црвениот тепих – едната во фустан од преку 10к долари (ФОТО)

Водителката Сања Кужет е секогаш интересна за јавноста особено по тоа што цврсто го чува приватниот живот за себе, па кога ќе одлучи нешто да сподели, таа е главна тема во медиумите.

Кужет смета дека ако си задоволна од себе, тогаш немаш проблем со такви работи, а како што истакнува е многу исполнета.

На прашањето на водителката дали е вистина дека не сака селфи фотографии и дали навистина изјавила дека не знае да ги направи, Сања одговара потврдно и додава:

-Тоа е т еп ач ка која изгледа смешно додека таа фотографија е создадена и тогаш само замислувам како е за девојките тоа е професија.

Процесот на создавањето на селфи не е нималку наивен, бидејќи бара многу време, креативност и енергија. Ја немам таа сила, волја или амбиција ни приближно.

Вработените во една продавница каде пазарува водителката Сања велат дека доаѓа по основни работи и многу е љубезна.

-Наша Сањичка. Колку е убава, и без шминка е многу убава. Вечера ја сретнав кога го носеше синот од училиште. Беше во некое опуштено издание, немаше ништо посебно на себе, а изгледаше убаво“, вели една сосетка.

-На почетокот се прашувавме да не се развела бидејќи ретко ја гледавме со сопругот, но двајцата работат, посебно тој кој има фиксно работно време, но живеат сите заедно.

Прекрасно семејство. Децата и се воспитани, секогаш не’ поздравуваат, а таа е фина.

Одамна не сум видел таква природна убавина.

Сите во крајот коментираме како има долги нозе, како Лепа Брена да и е роднина“, се надоврзува еден сосед.

Откриено зошто Сања Кужет љубоморно ја чува приватноста, особено на нејзиниот партнер Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија кој не сака да се експонира и бега од камерите, а има зошто.

Двајцата одамна одлучија да го одвојат приватното од бизнисот, а Немања ретко се појавува на јавни настани со водителката.

Иако не сака да зборува за својата врска, еднаш откри дека нивната љубовна приказна започнала во средно училиште.

‒ Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно.

Доволен беше еден поглед за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави убавата водителка која останува доследна на својата одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.

‒ Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе, кажала во една прилика водителката.

Познатите дами ги соборија сите од нога на црвениот тепих во Србија, а сите зборуваат за стајлингот на Јелена Карлеуша од 10.300 долари.

На прославата на еден магазин во Србија се појавија голем број дами од забавната музика, но и популарни водителки и блогерки, а познатите дами блеснаа на црвениот тепих и го „украдоа“ целото внимание”. Јелена Карлеуша како и обично ги претрка сите со нејзиниот стајлинг.

Таа прошета на црвениот тепих во стајлинг од 10.300 долари. Карлеуша избра долг, тесен, небесно син фустан од Баленсијага од 3.500 долари, чизми од истата марка од 2.190 долари, чанта од 1.550 долари. Дури и обетките беа од истата марка и чинеа 1.190 долари.

Покрај фолк дивата, внимание привлече и водителката Сања Кужет, со која Карлеуша соработуваше додека беше член на жирито на натпреварот „Ѕвезде Гранда“.

Згодната Сања блескаше во долг зелен фустан, додека исечокот на стомакот ја истакна беспрекорната линија.

Пејачката Ана Севиќ, која го роди своето трето дете пред 11 месеци, изгледаше предобро во прекратко црно мини здолниште.

Previous articleСимон Трпчески отсвире и отпеа дел од песната со која ќерка му Лара ќе не преставува на детскиот Евросонг (ВИДЕО)
Next articleКанал 5 е „опасна“ зона за шетање, бидејќи Вера Мештеровиќ е таму – водителката слатко се насмеа поради ова (ФОТО)