Home Live Еве како деенс изгледа пејачката Јасмина Мукаетова, барбиката од Кавадарци која живее...

Еве како деенс изгледа пејачката Јасмина Мукаетова, барбиката од Кавадарци која живее во Америка- супер ѝ тргна овој бизнис и ја остави музиката

Ја памтите ли убавата кавадаречка барбика, пејачката Јасмина Мукаетова, која долги години се занимаваше со македонска фолк сцена? Таа беше доста популарна на фолк естрадата.

Родена е во Кавадарци, каде ги заврши и основното музичко образование и гимназиските студии. Студирала на Филозофски факултет во Скопје.

Нејзиното прво искуство со пеење беше на познатиот фестивал Про фест, што се одржа во Пробиштип, каде што од жирито и публиката беше награден со „најдобриот новодојденец“.

Во 1998 година, таа учествуваше во претселекцијата на Македонија за песна на Евровизија, бидејќи во тоа време беше концентрирана на кариера за поп-пеење, сè до 2001 година, кога се трансформираше во пејачка на народна музика.

После тоа, следеа многу светски турнеи, како на пример во Германија, Шведска, Швајцарија и Австралија.Во 2007 година, таа спроведе светска турнеја, настапувајќи пред голема публика од дијаспората. Денес, таа живее во Америка со сопругот Траче Ристевски и со двата сина.

Кога беше активна во музиката и се трудеше максимално и професионално да биде посветена на своите настапи, снимени песни и остварени проекти, на покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, била ангажирана да пее за новогодишните празници.

На еден од настапите се појавил тој. Потекнувале од исто место и се познавале речиси цел живот. Нивните погледи им се пресретнале на половина пат. Дружењето постепано се претворило во љубов.

Се вратила во Македонија, продолжила со своите обврски,но мислите ѝ биле далеку. По две години, во 2008 година, решила да патува само во еден правец. Се венчале во куќата на цвеќето во Лас Вегас.

Јасмина Мукаетова (40) денеска е среќна и успешна жена, со две дипломи и семеен бизнис. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје.

Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University. Мајка е на два сина, Диме и Зуко, напиша пред неколку месеци Женски магазин за оваа наша позната пејачка.

– Местото на живеење е само географска одредница, а животот во него е лична креација на содржини, детерминирани од персоналните одлуки, избори и афинитети.

Домот е таму каде што сме среќни и исполнети, а јас во изминатите 15 години живеам водржавата Њу Џерси.

Ми се допаѓа тоа што климата е многу слична со македонската, со исклучок на зголемента влажност во топлите месеци, така што од тојаспект на почетокот немав проблем со прилагодувањето.

Локацијата на местото каде што живеам е 30км до Њујорк, и убаво е чувството да се биде блиску до центарот на светските случувања.

– Работиме со транспортна логистика, со покриеност на 50 држави. За мене беше предизвик да се инволвирам во сосема различна гранка. Бев љубопитна, амбициозно постапив во усвојувањето на знаењата и вештините и кога работата стана задовоство и пасија, тогаш знаев дека мојата дефинитивна определба е конечна.

Со текот на годините се усовршував и вложував напор за континуирано надградување и прогрес во работата. Неодамна ја комплетирав едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University.

Во почетокот имаше моменти на носталгија и жал што ги оставив кариерата, семејството и пријателите позади себе во Македонија. Сепак, многу брзо сфатив дека тагата може само да ме зароби во сопствениот очај и да ме осуди на интерност.

Затоа многу брзо почнав да се фокусирам на сопствениот потенцијал, амбициите и личните афинитети, од една страна и можностите, шансите и опциите што ги нуди ветената земја.

Вложив голем напор, време и енергија за да се етаблирам во системот на функционирање на земјата, во која сѐ баше ново и непознато, а тоа беше и уште поголем предизвик и мотив за да успеам да се реализирам во некоја друга димензија.

-На децата им овозможив шанса првенствено преку едукација да ги запознаат основите на музичката теорија, а исто така, имаа можност да одберат инструмент.Се одлучија за пијано и виолина,но целата еуфорија траеше многу кратко.

За жал, инструментите се претворија само во орнаменти кои го красат домот, толку од музиката, се префрлија на спорт.Жал ми е што кај децата препознавам талент и потенцијал, кој ќе остане латентен и нереализиран поради нивната незаинетереси-раност и недостаток на желба за посветеност кон музиката“, изјавила Јамсина.

Познато е дека нашата друга позната фолк-пејачка со својот сопруг Спире, половина година живее во Македонија, во охридско Велгошти каде што имаат ресторан, а половина во Америка.

Сега, Анета објави слика заедно со својата убава колешка, Јасмина, како уживаат заедно кај Јасмина на гости. „како во старите добри времиња, мојата најсакана колешка, претенкју Џесика која за се“, напишала Наковска до сликата со Јасмина.

Тие двете убаво се дружеле кај Јасмина дома, наздравиле со појачка за старите добри времиња, а во дрига објава, Наковска напишала: Кај което Јасминче, почиње шоу“.

Може да се забележи дека Јасмина воопшто не се сменила од времето кога беше позната пејачка во Македонија, ја има истата фризура, истата насмевка и истата убавина како порано.

Previous articleПенов ги откри причините за заминувањето на Горан Милевски
Next articleГала роденден на Росана Петревска, поранешната сопруга на виолинистот Коки, еве колку добро изгледа сега (ФОТО)