Home Live Антониа искрено раскажа дали е во врска и кога во животот ѝ...

Антониа искрено раскажа дали е во врска и кога во животот ѝ било најтешко- овие луѓе ја разочарале… (ВИДЕО)

Малото девојче од Пинк ѕвездички, Антониа Гиговска, сега е една од нашите најпопуларни пејачки, во последно време и инфлуенсерки.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Пејачката успеа да ослабе 33 килограми, а тоа го стори со многу вежбање, и со специјален начин на исхрана. На оваа тема, таа зборуваше во Репортер.

Навистина го сакав моето тело какво што е. Немаше посебен момент кога решив да ослабам. Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе“, изјави пејачката.

Таа рече дека секојдневно комуницира со Калудија Адеми, познат бодикоуч од Шпанија која им помогнала и на Ана Бекута и на Инди да ослабат.

Таа ѝ помогнала со начин на исхрана и со вежби, и ѝ била најголемата мотивација да не се откажува. Исхраната на Антониа се сведувала повеќе на овошје и на зеленчук.

Антониа во една прилика објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Изгледа совршено, а и новата фризура- боја на коса одлично ѝ стои.

Анониа Гиговска беше гостинка во емисијата Еден на еден која нја води Жарко Димитриоски- Жаре и таму зборуваше на повеќе теми. Кажа како успеала да ослабе толку многу нутриционист килограми и тоа за само 50 дена.

Рече дека имала листа на забранети и дозволени јадења, а сега веќе се навикнала на новиот начин на исхрана и убаво се чувствува.

Исто така , ги коментираше своите најјако слики на Инста. Раскажа и како од Тел Авив, кога била да пее пратечи вокали на Тамара брзала да се врати во Македонија, за да прослави матура.

-Само што пристигнав од Израел од Тел Авив, бев на Евровизија, и бев пратечи вокал на Тамара. И тој успех што го постигнавме таму и тој успех што го постигна Тамара мислам дека е најголемиот досега.

И имаше така некој момент. Баш беше се во брзање за да стигнам на матура, затоа што ќе ми беше криво да не стасам. Ние се вративме со Дарко Димитров ден пред да се вратат сите други.

Специјално за матурата се вратив, а Драко се врати до мене, и тука се случи хаос после Евровизија. Сите слават, некој трча лево, некој трча десно, а ние клучот го бараме од соблекувалната.

Не можеме да го најдеме клучот, сите ствари ни се таму, а авионот не чека. Со Дарко трчање натака навака, некако го земавме клучот. Сите под еуфорија… И стигнувам вечерта, другиот ден се спремам за матура.

Идам на проба, фустанот, сите процедури. И вечерта на матурата, професорката Каролина- македонски, ќе ја поздравам во овој момент, навистина ми беше многу голема поддршка во тоа време.

И излегува да ме поздрави, да каже дека Антониа пристигнала од Израел, дека постигнала голем успех со Тамара на Евровизија, седмо место, честито се, Proud. И сите место аплауз да дадат, сите УААА!

50-50. Некои аплауз, некои УУУУ. Па, ми беше мака искрено, не се осетив баш убаво, ама тогаш и бев помала. Сепак сме биле деца, така го гледам тоа. Не можам да го гледам од некоја лоша страна.

Тогаш можеби ми било тешко, но сега кога ќе се навратам, одиме понатаму, деца сме биле. 18 години, сега не сме деца, ама пак“, рекла Антониа. А кога на бим се појави слика од Иван Јованов, таа рече: Ова е мојот бивш дечко.

Потоа, кога ја праша Жаре, дали си сега во врска, оваа наша пејачка одговори: Во сама со себе врска сум, и рече дека не мора да кажа дали е или не е.

Previous articleСоња Тарчуловска во огнено издание ептен изненади, сосема смени имиџ и наскоро пак ќе пропее (ФОТО)
Next articleОваа приказна за Татјана Стојановска никој не ја знаел досега, откриен интересен детал од младоста