Home Live Игор Џамбазов кажа дека му фали министерска плата и што би направил...

Игор Џамбазов кажа дека му фали министерска плата и што би направил да е 3 дена на власт

Минатата година Илина Арсова го изненади актерот Игор Џамбазов со видео повик од Еквадор, во Утринската програма на „Телма“. Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

Се наоѓам во Еквадор во Кито, на 3.300 метри надморска висина, во Јужна Америка, каде што дојдов за алпинистички тренинг и малку за таа моја висинска адреналиснска терапија што ми фалеше последниве година ипол, рече Илина која се искачи на Ариста Санта Барбара на 5.790 метри, еден од најтешките врвови за освојување во светот.

Таа изминативе неколку месеци е отсутна од дома, и во новото видео што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Колку е Игор заљубен во Илина, докажува секоја негова објава која е посветена за неа. Тие објави се напишани со голема уникатност и нежност, па по тоа се гледа колку им е навистина добра врската, па макар и на далечина.

-Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг (мислејќи на нејзините достигнувања во планинарењето), сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.

И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот, – раскажува Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

Ако Џамбазов го препознаваме по микрофонот, камерите и сцената, тогаш за Илина тоа е природата, планините и искачувањето на истите.

Минатата година Илина реши со себе да го поведе и својот сакан Џамбазов со кого уживаат на една од нашите природни убавини, на Попова Шапка.

Игор со Илна тогаш замина на планинарење, и тоа на Попова Шапка и со видео се јави од врвот на планината, и порача:

Дечки, се наоѓам на местото каде што попот своевреме но ја загубил шапката. И, еве, не можеме да ја најдеме, Поповата шапка“, вели Игор.

Игор потоа изненади со уште една објава, љубовна, а е посветена на Илина Арсова која е сега далеку од него.

-Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку. Вдушувам од нејзината омилена маичка за спиење.

Како сега да ја соблекла. Е, тоа е љубов“, напишал Џамбазов утрово за својата Илина.

Во емисијата за Слободна ТВ, Игор Џамбазов проговори што би направил ако биде ставен 3 дена на власт.

-Па, мислам дека нема човек што не помислил да не е на власт. Ако сериозно ме прашуваш, сериозно ќе ти одговорам, му рече на водителот.

За да функционира било каква институција, има ред и поредок. Во влез има, куќен ред, а за да дојдеш до тоа, треба да знаеш кои се станарите, кој купил стан во овој влез.

Значи, попис, ама глеј сега. Луѓево мислат дека правиме попис за да дознаеме колку имало Албанци во Македонија. Дечки, значи немојте да се залажувате.

Значи прво се прави попис, толку Македонци, толку Албанци и Турци, толку Индијанци, сè што има. Битно е кој што има, како го спечалил, од каде му се парите да го спечалил тоа, дали има документ за такво нешто.

Еве јас ќе го направев ама нема да се кандидирам, низ смеа кажа Игор.

Потоа, проговори каква Македонија сака Игор, а тој рече дека му фалат некои работи од минатото.

-Онаква, каква што имавме ние во детството. Кога можев безбедно да се шетам во Старата Чаршија во три часот наутро.

Кога имав плата колку министрите, кога сакаа да ме дружат многу повеќе отколку сега, тогашните политичари, но јас и тогаш и сега ги игнорирам лошите луѓе.

Не секој лош човек станува политичар, и добрите стануваат политичари. Ама политиката е од женски род, ги олошува луѓето, рече Игор во Слободна.ТВ.

Previous articleД-р Нико Беќаровски: Спремен сум да ги испијам сите повлечени количини од повлеченото босанско млеко – објасни и зошто
Next articleДобра вест за пензионерите – Ковачевски најави колку пари повеќе ќе добиваат од март догодина