Home Live Игор Џамбазов, но и Илина откако замина за Америка, се решија за...

Игор Џамбазов, но и Илина откако замина за Америка, се решија за големи промени (ФОТО)

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка“.

Ова неодамна го кажа нашата позната алпинистка, уметник и писателка Илина Арсова, кога со видео порака се јави од Тенеси во САД.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Во Црно бело понатаму, Илина раскажа: Некаде во 2017-та година бев во посериозни преговори за докторски студии, со факултетот од Тарагона, Шпанија и тогаш темата за истражување ми беше повеќе насочена кон „Развој на еко туризам во заштитени подрачја“.

Мисијата за 7-те врвови преовлада и затоа не ја искористив таа шанса.

Сепак, поривот за професионална надоградба ме следеше сè поинтензивно и последниве години, кога веќе се чувствував и позрела за академски истражувања на темата која ја работам веќе дестина години, „Жените во спортот“, особено предизвиците со кои се соочуваме во планинарските спортови.

Некаде кон крајот на минатата година стапив во контакт со школото и мојот сегашен ментор, и искрено немав никакви очекувања дека ќе ја добијам единствената стипендија што факултетот ја нудеше за докторски студии годинава.

Дури и за малку ќе се откажев од аплицирањето, бидејќи мислев дека нема апсолутна шанса да влезам во конкуренциј. „Предавам половина работно време на Универзитетот во Тенеси и учам речиси цело останато време.

Не беше лесна самата транзиција, особено ако ви кажам дека магистерските студии ги завршив во 2008 година.

Во Ноксвил климата навистина ми се допаѓа и ме потсетува на дома.

Сега е есен, се менуваат боите на дрвјата и златесто-бакарни лисје шушкаат по улиците.

Во однос на моето темпо, среќна сум што имам услови и редовно да тренирам…“, раскажува Илина Арсова за crnobelo.com за животот во САД.

Весна Бејби Петрушевска, која е голема пријателка со Игор и со Илина, објави стори во кое кажува дека е болна и со Игор Џамбазов има муабет онлајн, Всушност, станува збор за нова претставата која се вика „Парите се само хартија“, а ќе играла во МНТ, и ќе ја режира Игор Џамбазов.

-Тој со Илина во позадина, јас со Дин. Болно, здрави, проба треба. Ние почнавме во февруари, и ќе имаме хит претстава, „Парите се само хартија“ во режија на Игор Џамбазов, напишала Весна.

Во Филхармонија неодамна се одржал концерт во чест на маестро Џамбазов насловен како, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.

-Тој беше Џим Кери за тоа време. Овде не сме дојдени да го жалиме Џамбазов, туку да ја славиме неговата музика“, рекол Игор Џамбазов, а пренесе Женски магазин.

-Тој многу сакаше да прави расолница. Ми се чини дека цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“.

Имаше 19 песнички на тој фестивал. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, раскажал Игор Џамбазов.

– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, знаеше да ми каже дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рекол Игор за својот татко.

На новата слика која ја објави на Инста, тоест стори, се гледа дека Илина доста го сменила својот имиџ. Таа сега има потемна коса, шишки, и ја носи нејзината препознатлива марама, но има и плетенка.

Илина објавила дека била на појадок со пријателка во Америка. Но, имиџ сменил и Игор Џамбазов, тој сега веќе нема долга коса и брада, туку е подлмаден со кратка коса и доста ослабен.

Тоа се гледа на една таква слика на Инста, каде што тој објави дека со Весна и со младите водители ја снимиле новата епизода од „Агенда 21“, емисијата која тие ја водат за се однесува на екологијата.

Кога ќе се врати од Америка, Илина ќе има нов партнер,а тој нова девојка, освежена и доста разубавена со новиот имиџ.

Previous articleСузана Турунџиева откри: Ова ми е тешка година, мои блиски луѓе се борат со најопаката болест
Next articleСашо Тасевски направи да и е незгодно на Кристина Димитри, а таа одговори: Се согласувам со господинот, ние сме примитивци во оваа држава