Home Live Сашо Тасевски направи да и е незгодно на Кристина Димитри, а таа...

Сашо Тасевски направи да и е незгодно на Кристина Димитри, а таа одговори: Се согласувам со господинот, ние сме примитивци во оваа држава

Во емисијата на Свеже Велков, „ЗаСе Македонија“ во последната емисија беа гости Андреј од ДНК, Кристина Димитри, Сашо Тасевски и Тања Алексиќ.

Темата на емисијата беше „Срам и перде“, а Снеже го постави прашањето, дали е посрамота да не кажеш „извини“ или да не кажеш „фала“, на што Кристина Димитри одговори:

-Пa, мислам дека ако ме доведеш до „извини“ ама сериозно некое „извини“, подобро не ми кажувај, него сврти се, замини, бидејќи нема да има некој ефект.

А мислам дека, ми се случи една ситуација, баш со „фала“, добив фала, завршив голема работа на пријателка во скоро време, но сепак не очекувам „фала“ од луѓето и во денешно време, не ни треба да очекуваш.

„Кога почнав да се занимавам со оваа работа, имав 15 години и во тоа време кога почнав да гледам што се случува со јавниот свет, си викав:

„Леле, на моите дома не сте ме родиле за ова време“, бидејќи секогаш не воспитувале и мене и брат ми на принципи, на лојалности и на сè она што не постои, многу одамна.

Мислам не дека не постојат такви личности веќе, него некој мал процент се останати. Но, како што поминува време, јас баш со тие принципи, кои они ми ги дале и со тоа негазење преку лешеви и одење преку потешкиот пат, еве 10 години сум сè уште во јавниот свет.

Работите си доаѓаат. Ако одиш по потешкиот пат, секогаш ќе трае тоа подолго. Ако го бираш полесниот, тоа ќе заврши, во било што и да влезеш, во еден момент ќе престане, така да подобро е да се мачиш со години, но на крај ќе ти се исплати, изјави Кристина во емисијата ЗаСе Македонија, на Снеже Велков.

Потоа, се осврнаа на темата гардероба, а по тоа што сите знаеме дека Кристина на настапи изгледа прејако, како вистина ѕвезда, од друга страна е мајка, па на многумина им пречи тоа што таа го покажува телото, но Кристина имаше и за ова одговор.

„Очигледно, кога ќе станеш мајка, треба да останеш дома, да правиш сарми, да се поправиш 30 кила плус. Но, јас бев Кристина и пред да се омажам и да добијам дете и бев во јавниот свет, претходно како модел и мисица, сега како артист.

И мислам дека професијата нема врска со приватниот живот. На стејџ сум една, а приватно сум друга. Јас сум многу посветена мајка, а тие коментари навистина немам ни време да ги читам.

Сите ние во Македонија, секогаш се воодушевуваме на Србинките, на Бугарките и на светските ѕвезди, а нашите секогаш викаме, „Леле, загреота, како се облекла.“

А кога ќе се појави некој што ќе се облече вака, како на пример за на Макфест, добив навистина премногу добри коментари и таму дојдоа сите луѓе кои што беа во организација, да ми кажат:

„Благодарам, што ни го освежи, што ни го врати Макфест во вакво светло“. Некој кога ти е блиску, секогаш осеќаш некоја љубомора и завист.

Андреј од групата ДНК се надоврза на муабетот и за воспитување на неговата ќерка рече:

-Јас сум малце така, по патријархален тип, а Кристина го прекина и му рече:

-Да ама мислам дека не треба да се меша патријархално воспитан со како некој се облекува на стејџ. Може твојата ќерка да ја воспиташ, да биде докторка и да прави многу неморални работи ама на стејџ треба да се појавиш како ѕвезда, ако тоа ти е целта.

Ако не си интересен, во еден момент ќе згаснеш. И јас сум патријархално воспитана, дома не се шетам во латекс пред татко ми, пред мајка ми, но на стејџ сум тоа што сум.

Додека Сашо Тасевски продолжи на дискусијата околу гардеробата и рече:

-Мислам дека воопшто сега не е време кога ние бевме деца или тинејџери, така што сега сфаќам веќе дека мора да почитува некои правила на пристојност кога излегува, поготово кога излегува, поготово најстарата ќерка.

Проблемот е што, целокупното поднебје се спомна Бугарски, Српски пејачки, сето тоа е еден ист комплот, еден ист лонец како да кажам, ист систем на вредности, значи малограѓанштина тешка.

Не, малограѓанштина во смисла на географски поими или топоними, туку во смисла на состојба на свест. Таа малограѓанштина е дел и од социјалните мрежи, дел и од реалниот живот, дел од медиумите, тоа е тој турбофолк кој владее насекаде.

Владее во естрадата, во шоу биснисот. Тоа значи дека примитивци што живеат на овие простори што ги кажав, кога ќе совладаат некоја технологија, ја совладуваат без широка слика за последиците.

Турбофолк не е правец во музика, турбофолк е фактички погрешно користење на технологијата. Некој ти дал камери, светла, простор, телевизија, некритично ја користат технологијата, рече Сашо кој направи малку незгодна ситуација, со оглед на тоа што Кристина го работи токму тоа, но таа рече дека се согласува со него.

-Се согласувам со господинот, ние сме примитивци во оваа држава. Осеќам саботирања и напади врз мене. Јас снимам македонска музика, но ете правиме и Балкан парти бидејќи ние како држава го подржуваме баш тоа, рече Кристина.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleИгор Џамбазов, но и Илина откако замина за Америка, се решија за големи промени (ФОТО)
Next articleПријовиќ откри дали Брена ја финансирала, така се шушка низ град, а снаата изреволтирана