Home Live Соња Тарчуловска во огнено издание ептен изненади, сосема смени имиџ и наскоро...

Соња Тарчуловска во огнено издание ептен изненади, сосема смени имиџ и наскоро пак ќе пропее (ФОТО)

Во последно време, Соња Тарчуловска е славо активна во музиката и е посветена на своето семејство. Познато е дека оваа наша пејачка од фолк музиката е сорпуга на Јохан Тарчуловски и имаат три деца.

Најстарата, Мелани веќе има 17 години и е пејачката како мама, Младен има 15 години, а Јоана 7. Во едно интервју за Точка, Соња зборуваше доста за својата љубов со Јохан.

– Со сето мое срце и душа верувам во љубовта, и сакам да останеме до крајот на животот со Јохан. Немавме време ние за луди работи, предвреме почнавме да живееме сериозно и животот ни е многу сериозен.

Верувам во мислата дека жената е убава и исполнета кога е сакана и почитувана. Женственоста или ја имаш или ја немаш, јас не ја искажувам но сепак таа ме издава“, изјави таа во истото интервју.

Кога Мелани наполни 14 години, таа емотивно ѝ го честиташе роденденот на Фејсбук. „Во животот, сретнав многу уникатни личности. Но, тебе не те сретнав, тебе те родив ќерко.

Ние сме горди на тебе, Мелани. Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха“, напиша Соња на својот Фејсбук профил.

Нашата позната фолк-пејачка има испеано многу песни нонајпозната е „Во бело“, која се пее на речиси сите свадби,поради свадбарската тематика. Таа вели дека од мала знаела дека ќе стане пејачка.

-Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам. Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост.

За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше.

Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.

Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот“, има изјевно Соња во интервју за Точка.

Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката. Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена“, додаде Соња во истото интервју.

– Во моментот работам многу нешта, најпрвин исполнување на домашните обврски, приватните обврски, колку ми дозволува времето присуствувам во ангажманите на Јохан. Кога станува збор за мојата кариера, таа одамна не е на тоа ниво, какво што треба да биде.

На моменти ме има, па на моменти ќе исчезнам. Но затоа пак композициите си оставаaт свој белег и обележје.

Сакам да бидам активна но под поинакви услови и поинакви договори.Јас никогаш нема трајно да се откажам од музиката, таа ми ја исполнува душата“, рекла Тарчуловска.

Соња Тарчуловска ептен изненади на Фејс, со слика која ја објави од неа, со сосема нов имиџ. Имено, Соња решила пак да пропее, па прво најави дека нејзината нова песна ќе се викала „Ватрена“.

Тоа значи дека Соња се спрема својот глас и стас да им го покаже на Србите, а ватрена во превод значи огнена, каква што е и нашата Соња. Потоа, таа објави уште една слика на Фејсбук.

Е, со неа ептен изненади. На сликата Соња е со нов имиџ, сменета фрузира и шминка, и е сликана на кауч, со фенси фустан, а имиџот на оваа слика ја опишува неа како огнена- како што впрочем вели и насловот на песната.

Previous articleВодителката Маја Поцевска стана баба на 45 години- Кај нив во фамилија е традиција да раѓаат млади
Next articleАнтониа искрено раскажа дали е во врска и кога во животот ѝ било најтешко- овие луѓе ја разочарале… (ВИДЕО)