Home Live Тамара се разведува од Мачка, а еве што се наведуваше како причина...

Тамара се разведува од Мачка, а еве што се наведуваше како причина за нивната разделба минатиот пат и што зборуваше таа за сопругот

Во јуни во 2015 година, пејачката Тамара Тодевска се омажи за својот тогашен дечко, Александар Димитровски- Мачка, кој беше кошаркарски тренер. Денес, имаат две деца, ќерката Хана и синот Дарен.

Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше- објавија медиумите тогаш.

Денеска, Убавина и здравје објави дека Тамара и нејзиниот сопруг Мачка се разведуваат по седум години брак, а Тамара ја потврди веста за овој медиум.

– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.

Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.

И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска за Убавина и здравје.

Во едно интервју за Женски магазин, кое било по повод Денот на вљубените, Тамара зборувала за љубовта со Мачка и за тоа колку се тие двајца добар тим, колку се познаваат и како се запознале.

-Мачка ме познава подобро отколку што и јас самата се познавам. Тој е многу повеќе од мој животен партнер. Мачка е човек што секогаш знае да ги каже вистинките зборови.

Знае да ме пофали но и искритикува. Да се радува на моите успеси но и да биде мое рамо за плачење. Ние сме тим што верува дури и во невозможното.

– Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов. Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг.

Сѐ во животот си оди по план и знам дека нашата љубов се роди токму тогаш кога требала да се роди. Тој ме запроси само четирисет дена откако станавме пар.

Мачка нарачал појадок во соба и ме викна да појадуваме заедно. Дојди љубави да јадеме- се убедувавме некое време зашто јас не бев гладна. Си го земав цедениот портокал и си се вратив во кревет, хахаха.

Тука дополнително несакајќи ја одложив целата работа. Целата храна беше отворена, само едно јадење затворено со капак. И јас како за беља почнав да јадам од сѐ по малку, само тоа што беше затворено не го отворив.

Мачка се чудеше како не сум љубопитна да видам што има таму. На крајот, ме убеди да откријам што има во капакот, а таму беше прстенот “,рекла Тамара.

Истиот магазин, во една прилика објави што рекла Тамара за сопругот. Ова всушност се случило на концертот кој таа го одржала во Охрид, во Античкиот театар минатото лето.

-Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами… Се појави Мачка- дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски.

„Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рекла Тамара низ насмевка.

Ова не е првпат да се разделат Тамара и Мачка, само овој пат е конечно. Во 2015 година, по свадбата, кога таа била бремена со првото дете, ќерката Хана, одржала концерт во салата Борис Трајковски.

Нејзиниот сопруг не бил на тој концерт, затоа што биле скарани и живееле разделени, а ова Тамара во едно гостување на ТВ го има и потврдено, но тогаш избегнувала за медиумите да зборува за оваа тема.

Во тоа време, медиумите пишуваа дека причината за кавгата е наводната негова афера со пријателката на Тамара, манекенката Катарина Ивановска.

По повод шпекулациите за развод на познатата двојка од нашата естрада, се огласи и сопругот на Тодевска. Тој ги демантираше тврдењата и изјави дека се работи само за чаршиски муабети.

– Глупости е ова што се пишува, ние не се разведуваме“, рекол тој за порталот Либертас во 2015 година.

Previous articleАгнеса искрено кажа дека им била инспирација на други жени да ги остават мажите и го покажа својот луксузен дом (ВИДЕО)
Next articleОва е вонбрачната ќерка на Горан Бреговиќ која не се појавува во јавноста, еве со каков бизнис се занимава (ФОТО)