Home News По подолго време во јавност се огласи Жан Митрев: Против мене се...

По подолго време во јавност се огласи Жан Митрев: Против мене се работи оркестрирано

Денес, по подолго време, на прес конференција се појави познатиот доктор Жан Митрев, кој се соочува со обвинение, за методите за лекување во време на пандемијата.

Клиника Жан Митрев ниту денар нема земено повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка.

И Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен, а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите, дециден е д-р Жан Митрев на денешната прес конференција.

-Стотици странски државјани дојдоа за време на пандемијата и за нивното лекување платија реномирани меѓународни осигурителни компании од Англија, Германија, Италија, Швајцарија, ова е показател за ревносното финансиско работење на Клиниката, а успешноста на лекувањето воопшто не било ниту тема за разговор.

Во 2020 година на нашите пациенти им вративме над 2 милиони евра, во 2021 година вративме 3 милиони и 200 илјади евра од аванси.

За какво профитерство се зборува овде, доколку сме сакале да направиме нешто зар ќе им вратевме на пациентите 5 милиони и 200 илјади евра во време на Ковид. Срам да им е на сите кои нè обвинуваат за профитерство, нагласува д-р Жан Митрев.

Во текот на лекувањето на пациентите ништо не е направено вон насоките и процедурите. Со процесот на хемофилтрацијата се спасени човечки животи. Тоа се потврдува и со смртноста којашто во клиниката е ниска во време на КОВИД.

Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1738 третирани пациенти, од кои 1296 преживеале, со што стапката на успех во третманот на пациентите со компликации од Ковид-19 во Жан Митрев клиника изнесува 74,6%, тврди д-р Митрев.

Од пациентите кои се третирале од Ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

-Бактериските инфекции во време на КОВИД беа поради имунодефицитна состојба на пациентите како последица на прекумерно користење антибиотици и кортикостероиди.

Во Жан Митрев клиника никој не криел интрахоспитални инфекции, во пандемијата најголем број од инфекциите пациентите веќе ги имаа со себе и беа третирани соодветно, рече д-р Митрев.

Тој нагласи дека е горд сум што успеал да воспостави нови стандарди во приватниот здравствен сектор со подигнување на нивото на квалитет на услугите.

-Среќен сум што зад мене има тим на врвни професионалци кои секојдневно се борат за човечки животи. И навистина ми паѓа тешко кога некој нè обвинува дека сме заработувале на нечија туѓа несреќа.

Ова се фактите и бројките што говорат за тоа како се одвиваше лекувањето и третманот на пациентите во Жан Митрев клиника.

Со овие бројки располагаат и институциите и тие ќе ја докажат вистината, потенцира д-р Митрев.

Previous articleШто сила ќе имаше овој човек- Мишо Ковач и после сè, не се дава- објави интересни вести кои сите ги изненадија (ВИДЕО)
Next articleВесна Бејби- На нас со Игор Џамбазов не ни даваат пари од министерство, не ни требаат искрено (ВИДЕО)