Home Live Што сила ќе имаше овој човек- Мишо Ковач и после сè, не...

Што сила ќе имаше овој човек- Мишо Ковач и после сè, не се дава- објави интересни вести кои сите ги изненадија (ВИДЕО)

Легендата на хрватската музичка сцена Мате Мишо Ковач пред една година и четири месеци го прослави својот 81-ви роденден и до ден денес останува пејачот кој успеал да продаде најмногу плочи и други снимки во Хрватска во богатата кариера долга повеќе од 50 години.

Мишо Ковач минатата година се наоѓаше на лекување во Сплитската болница за белодробни заболувања. Според Јутарњи.хр, неговата сопруга Лидија Ковач открила дека пејачот е во стабила состојба.

Хрватската музичка легенда Мате Мишо Ковач долго време не се појавуваше во јавноста, поради што фановите заклучија дека тој се повлекол од сцената, но последните сцени сведочеа за спротивното.

Слободна Далмација објави снимки од пејачот како снима спот за нова песна. Миишо ја искористи сончевата недела за да стигне на работа, а снимањето се одвиваше на тераса од семејна куќа лоцирана во близина на хотелот Сплит во Строжанац.

Во близина на пејачот беше и неговата сопруга Лидија, со која е во брак од 2002 година. „Еднаш душата ми оди меѓу ѕвездите, чувај го моето писмо, пиј за мене…“- во видеото се слуша гласот на Мишо од матрицата.

Пејачката Ивана Ковач објави фотографија од нејзината ќерка Елена и дедото, таткото на Ивана, Мате Миша Ковач. „Тоа е љубов“, гласи описот на фотографијата која пејачката Ивана Ковач ја објави на Инстаграм, на која нејзиниот дедо, легендарниот Мате Мишо Ковач и нејзината ќерка Елена се подготвени да позираат.

Не им требаше многу време на следбениците да почнат да ја коментираат емотивната фотографија од дедото и внуката, а меѓу нив се појави и музичарот Жељко Самарџиќ. „Прекрасна фотографија“, рече Самарџиќ.

Еден од најпознатите пејачи во поранешна Југославија, има богата кариера, но и семејна случка која засекогаш му го одбележа животниот тек.

По стапките на Мишо тргна неговата ќерка Ивана, која е успешна пејачка во Хрватска. Ивана, Мишо и нејзината мајка Анита го загубија синот Еди во 1992 година.

Како 16-годишник, Еди се пријави во специјална единица на хрватските Шкорпиони. Во пролетта истата година, тој си замина од овој свет под чудни околности, од про -стр ел во глава. Анита верува дека тој бил дел од политичка игра.

Тешките моменти ги обележуваат животите на многу луѓе, а ќерката на Мишо Ковач, Ивана помина низ слични околности. Таа почувствува што значи животот како зависник од д р -ога, но таа сепак излезе од тоа.

Ивана започна да ја конзумира, кон крајот на 90-тите. Тоа беше период кога Мишо, скршен од тагата за синот, се обиде да си го одземе животот. Деп ре -сивен од загубата на неговиот син, Мишо се борел со години, а тој се обидел да си пресуди во 1999 година.

Ивана Ковач, ќерката на Мишо Ковач, на својот официјален Фејсбук профил објавила убава вест, дека за Нова година тој ќе пее во градот Вуковар во Хрватска. Неговата ќерка, че му биде специјална гостинка.

Ковач во јули оваа година наполни 81 година. После се што му се случи- низата здравствени проблеми изминатава година, губитокот на синот, разводот со првата сопруга, зави сноста од која се лекуваше ќерка му, тој има уште сила да пее.

Всушност, дека добро се држи, тој и самиот покажал во видео кое е објавено на неговата Фејсбук страница. „Здраво, јас сум Мишо Ковач и чест ми е што за Нива година ќе пеам во Вуковар.

Затоа што Вуковар е еден град, да е во било која земја во светот, би бил херој. Е сега, ние мораме да бидеме силни, за тој Вуковар да биде идол на сите Хрвати.

Јас ги повикувам сите мои навивачи, и сите жители на Вуковар, да дојдат на пречекот на Нивата година. Ви посакувам се најдобро“, рекол Ковач во ова видео обраќање.

Previous articleТамара ги избриша сите слики од Мачка од нејзиниот Инста профил- еве што остана како единствен спомен
Next articleПо подолго време во јавност се огласи Жан Митрев: Против мене се работи оркестрирано