Home Live Елена- Живот со стил покажа со каква облека го заведува сопругот...

Елена- Живот со стил покажа со каква облека го заведува сопругот (ФОТО)

Елена Стефановска сега Елена Најдоски, позната по прекарот Живот со стил е жена која навистина живее со стил. Таа минатата година промовираше нов концепт на емисијата „Живот со стил“.

Елена обезбдуваше шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги частеше, шопингот беше на сметка на нејзните соработници. Натпреварувачите со стилот, ги оценуваа познати личности.

н
– Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини. И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.

Елена во една преилика славеше роденден и тоа на посебно место. Таа сподели слика од Белград во која пие шампањско и на Инстаграм напиша: Среќен ми роденден.

На сликата не е нејзиниот сакан Бојан Најдовски, но тој сигурно е автор на фотографијата.

За осми март, Елена беше во српскиот зимски туристички ценатр Копаоник и редовно објавуваше фотографии како ужива. Елена објави слика како се релаксира во џакузи и напиша:

– Чист хедонизам. Март на Копаоник е секогаш добра идеја.

Елена Стефановска изминатово лето застана на ,,лудиот” камен и го кажа судбоносното ,,да” на нејзиниот долгодишен вереник Бојан.

Најпрво Елена, прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На сцадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

,,Фала ти за љубовта”, му напиша Елена на пејачот кој го објави на нејзиното стори.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза. Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавувањето.

Елена, како и секога новопечена невеста, сака да му биде убава на својот маж, па објави слики од нејзиниот шопинг на долна облека, каде што си купила разни парчиња на кои се израдувала таа а секако и нејзиниот сопруг Бојан.

Многу е важно каква долна облека носите. Јас мојата ја пронајдов- напишала Елена и го изрекламирала брендот за долна облека, а потоа се покажа како со полна торба си оди дома.

Previous articleВлатко Миладиноски со брат му Златко и со братучед му Дамјан летнаа од Македонија- кинисуваме! (ФОТО)
Next articleЗа гравчето на Адријана Алачки дозна светот, еве како таа ги освои колегите во Турција (ФОТО)