Home Live Ова е убавата жена на пејачот Дарио- еве со што се занимава,...

Ова е убавата жена на пејачот Дарио- еве со што се занимава, а приказната како ја ќарил е за љубовен роман (ФОТО)

Дарио Панковски својата музичка кариера ја започна во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се:

Добрите девојки, Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест. Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“.

Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

Дарио во 2018 и во 2019 година, постигна голем успех на Хрватскиот пазар, со хрватската верзија на песната “Што е мое ќе си дојде”, која произлезе како резултат од успешната соработка со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ.

Дарио сними уште една своја македонска песна на хрватскi јазик. Станува збор за песната “Жена за милијун година”.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.

– Откако се ослободив од угостителскиот „бизнис“ и сфатив дека дефинитивно не сум создаден за тоа, комплетно сум посветен и го работам она што најмногу го сакам, музиката.

Доказ за ова се моите песни од овој понов период, „Еј животе“ и „Кој чека ќе дочека“, еве ја и новата „Какви се ова времиња“, а уште една готова и спремна чека на студиска реализација. Ако е од мене, доста е…за сега.

Музичарите и вистинските уметници и професионалци се секогаш на високо ниво и тежнеат кон уште повисоко и подобро. Општеството, државата, културната политика и институциите се на тоа никакво ниво, а тука за жал сесрдно помагаат медиумите и бизнис секторот во земјава за да се дојде до таква констатација.

А музиката не бара сила, туку безусловна љубов, огромен ентузијазам, непресушна инспирација и нескршлива верба во себе“, рече во едно интервју во Женски магазин неодамна Дарио.

Бојана Панковска има свој профил на Фејсбук и од сликите кои се јавно достапни се гелда дека станува збор за убава и елегантна дама со свој стил. Според информациите од Фејсбук, таа работи во Собранието.

Во една прилика, за Женски магазин, Дарио раскажа како се запознал и како ја ќарил убавата Бојана која како што Дарио кажа е од по потекло од Србија каде што е родена, но поради Дарио, се преселила во Македонија.

„Во тоа време јас бев ѕвезда во подем, шатиран фраер, ништо не можеше да ме запре. Ме познаваа сите девојки во градот, но јас ја сакав Бојана, затоа што таа немаше поим дека сум музичар и не ме есапеше.

Ми беше многу тешко да ја освојам“, раскажа Дарио за Бојана која во осумдесетите дошла од Врање, да студира во Скопје. Бојана е инаку родена во српскиот град Ниш.

„Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање“, открил Дарио.

„Можам слободно да кажам дека стројник ни е легендарниот водител и диџеј Драган Б. Костиќ. Тогаш се искачаше кај него, во диско „Турист“, а Драган, кој е мој блисок пријател ме запозна со Бојана.

Како диџеј, пушташе сентиши кои девојките ги сакаа, а Бојана најмногу ја сакаше „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) од Блек.

Костиќ ја пушти една вечер, специјално со неа. И ете, Бојана си доби прекрасен живот со мене, а јас со неа многу повеќе од тоа“, рекол пејачот.

Previous articleСузана Манчиќ проговори кога се заљубила со оженет маж – Сега ми е жал што се разведов и од него
Next articleСнеже Велков ја откри својата нова љубов- знам дека ви звучи забегано…