Home Live Хуман гест на познатата пејачка, Антониа усреќи едно момче и рече дека...

Хуман гест на познатата пејачка, Антониа усреќи едно момче и рече дека имала преубав ден, еве зошто

Антониа за кусо време стана една од највлијателните на Инстаграм, а во разговорот за Женски Магазин неодамна, откри каква е кога е без шминка и кога не е на настап, и раскажа дека е многу чувствителна на негативните коментари од луѓето кои не ја познаваат.

Во овој разговор, Антониа кажа дека живее заедно со Иван. “Хаха, супер е, обврските се поделени, потребен е секогаш компромис.

Јадеме надвор, ретко кој се фаќа да зготви нешто, среќа не сме често дома, па е секогаш чисто. Со настапите повеќе сме надвор отколку дома. Боно чува куќа.“

Потоа ја прашаа: Со оглед на тоа дека живеете заедно со Иван, размислуваш ли веќе за брак и семејство, во некоја подалечна или и поблиска иднина?

– Сè уште не, моментално сум посветена на музиката, тоа не ми бега, сите нас не чека тоа порано или подоцна“, одговори таа.

Но, набрзо по тој разговор заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“.

Парот пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

За Женски магазин, Антониа раскажала за крајот на љубовта со Иван, но исто така таа кажала и за тоа што научила од него.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата.

Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа Иван даде интервју за Бекстејџ и на прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, Иван одговори:

-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале. Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам се најдобро.

Јас не сум злопамтило, ние и понатаму се следиме на Инстаграм и со Антониа и со Роберт. Јас се познавам со родителите на Антониа и со родителите на Роберт и навистина не би сакал да правам никакви проблеми.

Новинарката го праша што повеќе го боли, дали изневерувањето на најдобриот другар или на девојката, на што Иван повторно одговори дипломатски, дека не сака да коментира и дека се договориле со Антониа тоа да остане меѓу нив.

Антониа Гиговска беше гостинка во емисијата Еден на еден која ја води Жаре и таму се појавила во ептен раскомотено издание. Сукњата која ја носи е со мрежа и делува како ништо да не носи под неа.

Гиговска облекла и високи штикли во зелена боја, бели чорапи, а споделила и уште едно стори, како пее во студиото каде што се гледа целата, и повторно изгледа дека решила да ја почасти публиката со многу повеќе од она што се научени од неа да гледаат.

-Само што пристигнав од Израел, бев со Тамара, пратечки вокал. Тој успех што го постигнав таму, тој успех што го постигна Тамара мислам дека е најголемиот досега.

Имаше некој момент така, беше во брзање за да стигнам на матура, затоа што ќе ми беше криво да не стигнам на матура.

Бевме сите таму, ние се вративме со Дарко Димитров, ден пред да се вратат сите други, специјално за матурата се вратив и тука се случи хаос после Евровизија, слават сите, некој трча лево, некој трча десно, а ние го бараме клучот од соблекувална.

Не можеме да го најдеме клучот, сите ствари ни се таму, а авионот не чека. Со Дарко трчање навака-натака, го земавме клучот, сите под еуфорија.

И стигнувам вечерта, другиот ден се спремам за матура, идам на проба фустанот сѐ, сите процедури и вечерта на матурата, професорката Каролина ќе ја поздравам во овој момент, навистина ми беше многу голема поддршка во тоа време.

И излегува да ме поздрави и да каже дека Антониа пристигнала од Израел, постигнала голем успех со Тамара на Евровизија и сите место аплауз да дадат, сите викаа „Уууу.“

Некои аплауз, некои „Ууу“, ми беше мака, не се осетив баш убаво ама што знам, тогаш и бев помала. Сепак сме биле деца, така го гледам тоа, не можам да го гледам од лоша страна од лоша перспектива, деца сме биле, изјави Антониа во Еден на еден.

Нашата пејачка воопшто не застанува да одмори и постојано е окупирана со работата, како што и самата изјави пред некое време.

Овојпат таа покажа дека нејзината работа не се заснова само на пеење, туку како влијателна личност се појави во училиштето за слепи дечиња и направи хуман гест.

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од посетата на училиштето Димитар Влахов во Кисела Вода и напиша:

-Денис е еден од децата кои ми го освоија срцето денес.. сѐ знае, сѐ следи, сите мои песни, кога сум победила на Макфест и со која песна.. Сака и дует да снимаме.

Си добив и поклонче наочари од идниот водител @nikolovskistar обавезно рече таг, а јас викам @lilafilipovska да го пробиеме во водителските води?

И Оливера ме викна на гости, ќе ми направи алка рече. А сликиве што ги гледате ми ги направи еден многу добар фотограф. Баш имав многу што да споделам од денешниот ден, напиша Антониа во описот.

Previous articleКаква била Лила пред 15 години, кога имала 36, погледнете има ли голема разлика од таа до оваа Лила (ФОТО)
Next articleГолеми намалувања на цените од 1. декември, а веќе следните денови ќе пеофтинат некои основни продукти