Home Live Се продадоа за 35 минути: Кавга на Фејс за картите за концертот...

Се продадоа за 35 минути: Кавга на Фејс за картите за концертот на Каролина, Дуке и Исмаил

Како што медиуумите овие два дена пишуваа, Каролина Гочева, заедно со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски ќе одржи два концерта во Македонската Филхрамонија.

– Авалон Продукција ви го претставува својот предновогодишен, последен проект за 2022 година кој за нас претставува можеби и најважен кога е Македонија во прашање.

Со големо задоволство ви го претставуваме проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил, кој во пакет претставува студиски албум и концертна промоција на истиот која ќе се одржи на 23ти декември во Македонската филхармонија.

Македонската публика ќе има навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници кои добар дел од својата днк – а ја вложија во создавањето на овој проект.

Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20иот век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…

После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016та година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика.

После скоро две години од неговото завршување, Каролина и нејзиниот беспрекорен вокал, Дуке и неговата уметничка и аранажманска генијалост и импровизациката моќ на Исмаил за прв пат ќе го претстават проектот ,,Песни за љубов и копнеж” на ексклузивна концертна промоција во Македонската филхармонија.

Со секоја купена влезница ќе следува физичко издание од албумот, додека албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24ти декември.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 9ти ноември (среда) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и во сите продажни места на Авалон по цена од 1.200 денари. Да ја завршиме оваа година со уживање, копнеж и љубов“, стоеше во првото соопштение на Авалон продукција, пред два дена.

Потоа, дојде веста дека првиот концертот на 23 декември е рекордно распродаден. „Песни за љубов и копнеж” со Каролина, Дуке и Исмаил, на 23ти декември во Македонската Филхармонија e РАСПРОДАДЕН во рекорден рок од 4 часа“, објави продукцијата.

Потоа, се објави дека ќе има и втор концерт, поради големиот интерес на публиката, на 24 декември. ПОРАДИ ОГРОМЕН ИНТЕРЕС И РАСПРОДАВАЊЕ НА ПРВИОТ КОНЦЕРТ, ВТОР КОНЦЕРТ НА 24ТИ ДЕКЕМВРИ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА! ,,ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ” СО КАРОЛИНА, ДУКЕ И ИСМАИЛ!

Почитувани, На ваше барање, поради рекордното распродавање на првиот ,,Песни за љубов и копнеж” со Каролина, Дуке и Исмаил за само неколку часа и навистина големиот интерес, закажавме втора вечер на 24ти декември во Македонската Филхармонија.

Продажбата на влезници за вториот датум ќе започне утре (10ти ноември, четврток) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и низ продажната мрежа на Авалон низ Македонија. Бидете брзи“, стоеше во обајавата.

Но, и за овој концерт картите отидоа како „алва“ уште побрзо од првиот.

– Дека љубовта и копнежот се многу важни, поготово кога за нив пеат и свират уметници со светски квалитет како Каролина, Дуке и Исмаил зборува фактот дека вториот концерт се распродаде за точно 35 минути.

Се гледаме на 23ти и 24ти декември во Македонска Филхармонија на ,,Песни за љубов и копнеж” со Каролина, Дуке и Исмаил!„, стои во објавата. На страницата на Дуке Бојаџиев, луѓе се жалат дека не можеле да си купат карти затоа што биле однапред резевриани.

-Авалон,организира концерт за ПОЛИТИЧАРИ, ДИПЛОМАТИ или за обичен народ!!! Карти немаше во 09 часот…Дуке, се гледаме во некоја следна прилика“, стои во еден од коментарите.

На социјалните мрежи се шират негативни критики за оваа случка, од лутите граѓани кои не си набвиле билети на време, па така Авалин продукција е означена во статус на Јана Ѓоршинска која вели:

– Avalon Produkcija да си го средите системот за купување билети! Уредно си избрав билети за 24.12.2022 за вториот концерт на Дуке, Исмаил и Каролина, си внесов податоци, си почнав да си плаќам, кога одеднаш вашиот систем за купување билети ми јави дека не може да ги купам картите затоа што веќе биле резервирани?!

Па како може да има истовремени резервации на исти редови и седишта?! И така едно 4-5 пати за секои наредни седишта/карти што ќе ги изберев и ќе ми влезеа во „кошничка“.

Инаку брза сум кога пополнувам податоци, и банкарски податоци, а најчесто е и помалку од 30 секунди зошто имам опција за автоматско пополнување на потребните податоци, такашто пополнувањето на податоците за картите и самото плаќање ми е со 3 клика најчесто.

Сум купувала карти за настани, и во МК и по други држави, и секогаш било така што штом се означат картите и влезат во кошница – не може да му бидат достапни на никој друг додека првиот што си ги резервирал не си заврши со плаќањето, или го откаже/прекине плаќањето или ја испразни кошницата, односно ги ослободи картите.

Некои системи даваат и разумно временско ограничување за завршување на процесот на купување карти кое е доволно долго да може да си се заврши процедурата на плаќање, обично од 5 до 15 минути, не сум видела повеќе; и тоа е така за да не може некој да чува резервација без да ја плати, додека други чекаат.

Ова е првпат системот сам да не ти дава, на сред плаќање, кое патем е со 3 клика (Ок кај вас беше со 6 клика пошто требаше да се селектираат три согласности + впише 4 цифри код), но сепак трае помалку од, еве нека е и минута.

Ова што го доживеав утрово во обид да си набавам влезници е апсолутно непрофесионално! Да си ја средите веб страницата и платформата за купување карти!“, стопи во овој коментар.

Previous articleЕве што прави синот на Даниела Телмелковска откако се ожени- заедничкиот бизнис со мама се исплати
Next articleКаква била Лила пред 15 години, кога имала 36, погледнете има ли голема разлика од таа до оваа Лила (ФОТО)