Home Live Познатиот новинар Дуле Миќиќ, ја фати под рака ептен згодната млада баба...

Познатиот новинар Дуле Миќиќ, ја фати под рака ептен згодната млада баба Маја Поцевска и кажа што им е заедничко

Познатата водителка Маја Поцевска, веќе неколку години не ја гледаме на тв-екраните, но за среќа тука се социјалните мрежи преку кои може да ја лоцираме каде е ѝ што прави, напиша Слободен печат за Маја пред две години.

Маја тогаш беше на Бали. Екс-водителката уживаше во убавините на овој остров и објавуваше фотогафии и видеа од таму.

Маја Поцевска на Фсвојот профил на социјалните мрежи, објавува слики иод нејзините излегувања, и секогаш во преден план е нејзиното деколте, по кое е позната.

Иако долго време не е на ТВ екраните, Поцевска е запаметена како една од нашите најзгодни и најатрактивни водителки.

Таа сега се занимава со салонот за убавина на нејзината сестра, кој често го рекламира на својот профил на социјалните мрежи, а работи во Државната лотарија.

За приватниот живот на Маја се знае дека е разведена и има ќерка. Неодамна, нејзината ќерка се сврши со Стефан, а Маја на социјалноте мрежи објави слики од свршувачката.

На сликите се гледа дека крушата под круша паѓа, а ќерката на Маја, Јана е згодна како и мајка ѝ.

Маја за Женски магазин рекла дека е традиција во нејзиното семејство жените млади да стануваат мајки, а исто така се пофали дека со зетот Стефан кој се занимава со свој приватен бизнис, има пријателески однос.

„Мојата мајка мене ме родила на 18 години, јас ја родив Јана на 22, а Јана ја роди Мина исто така на 22.

Имавме неодамна генерациска средба со пријателите од средно. Повеќето мои другарки имаат мали деца, но јас ете бев паметна и подранив.

Тоа дека имам внука, беше топ тема на оваа средба“, рекла Маја. Таа со посебна топлина во гласот зборувала за малата Мина која неодамна наполнила 40 дена.

Познатиот новинар и поранешен менаџер на престижниот естраден магазин „Свет“, Дуле Миќиќ, вчера на својот профил на социјалните мрежи, објави слика со Маја Поцевска и напиша што ги поврзува нив двајца:

„Од сите познати личности, ЈАС и водителката Маја Поцевска со право си ја добивме привлечната неофицијална титула за “Најзгодните баба и дедо на македонската јавна сцена”.

Бога ми, се држиме и на овие пристојни години. Но, ај да не се фалиме. Таа си ја има внуката Мина, јас си го имам внукот Тома. Да ни се здрави, живи, весели и исто вака убави! И, на свадба да им играме!!“

Previous articleДоктор Горан од Германија ги налути жените кога виде лошо паркирана кола – Не се извинувам, зафаќа две места
Next articleЕлена Велевска доби необичен предлог јавно: Една ноќ со тебе… (ФОТО)