Home Live Тамара откри дека е спремна да оди на состаноци како слободна птица,...

Тамара откри дека е спремна да оди на состаноци како слободна птица, еве како ѝ поминува денот на пејачката (ФОТО)

Тијана и Тамара минатата година, пред да се олабават мерките одржаа концерт, ама концерт кој е прилагоден на „новото нормално“, онлајн, во едно студио во Србија, а можеше да се гледа преку апликација. И ги гледаше цела поранешна Југославија и цела дијаспората.

„Поздрав од Лондон, поздрав од Прага, поздрав од Франкфурт, од Црна Гора, од Софија, од Македонија, прекрасни сте, ако и вие уживате колку што уживаме и ние, супер е, беа дел од коментарите кои им ги пишуваа гледачите, а Тијана ги читаше.

Во еден момент, Тијана ѝ рече на Тамара: Мајка ти рече да не пиеш, на што нејзината помала сестра се насмевна. Тијана зборуваше на македонски, а Тамара на српски јазик, и ја испејаа „Македонско девојче“ на барање на публиката.

Тамара исто така минатата година на Инстаграм одговараше на прашањата на своите фанови, и напиша дека тоа го прави додека чека резултати од тестот за вирусот. Пејачката искрено кажа дека има симптоми.

Ајде малце да се подружиме дур чекам резултати, напиша пејачката. „Како успеваш да си ги поделиш обврските со оглед дека си јавна личност?“, ја праша еден од фановите. „Со добра организација на времето, сè се може.

Животно мото, ја праша еден од фановите: Биди кул и ждригај, одговори Тамара со смајли.

На крајот, таа ги објави резултатите дека е позитина на вирусот и рече: Ајде нека е честито. Се гледаме за две недели!

Тамара пред неколку денови на својот Инсраграм профил објави своја слика како се инхалира.

Пејачката изгледа дека ја фатил некој вирус, и објавила слика со инхалаторот во домашна атмосфера и напишала: Мразам инхалации!

Една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува со својот сопруг е веста која на 7 ноември ја објавија доста домашни медиуми.

Иако за оваа информација се шпекулира подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ доби официјална потврда за оваа вест.

Да потсетиме, минатата година, со многу емоции и енергија кои несебично ги даде на сцената во Охрид, Тамара Тодевска го одржа својот прв концерт во Античкиот театар и со тоа си го оствари детскиот сон.

-Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот. Уште многу нејзини лични приказни следеа помеѓу песните. „Немирна“ ја инспирираше да раскаже една од нив.

-Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами… Се појави Мачка- дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски.

„Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рече Тамара низ насмевка, а пренесе Женски Магазин.

Тамара Тодевска во една прилика во истиот месиум рече дека таа и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски – Мачка не го слават Денот на вљубените.

„Не сум тип на личност што се врзува за ваков начин на прославување на љубовта. За мене, љубовта е најважниот дел од мојот живот и ја празнувам секој ден со мојот сопруг, но и моите две прекрасни деца.

Бескрајно благодарна сум што имам сопруг како Мачка покрај мене бидејќи без неговата љубов и разбирање, ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“, вели поп-ѕвездата за својот сопруг.

Таа набрзо после тоа објави стори дека слави 7 години брак со Мачка, а вака всушност се случила нивната љубов, тоест вака Тамара го ќарила својот маж.

Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас, но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов.

Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг.

Антиќ е близок пријател со Тамара, и со нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка. Пред неколку дена, Перо Антиќ објави слика со својот пријател Мачка и го нарече брат, па јасно е на чија страна е сега Перо, по разводот на пејачката и на кошаркарот.

„Со мачката од Гевгелија, брат од друга мајка“, напиша Перо на Инстаграм до сликата со Александар Димитровски.

Но, сепак се чини дека Тамара не го дава лесно Перо откога на своето стори објави слика од Перо Антиќ и Бомбакис, како држат во рацете картон на кој имаше напишано:

„Краток е животот, да се замарате со небитни луѓе“, стоеше во описот кој одговара на сите озборувања што ја следат пејачката периодов.

Тамара на својот профил се пошегува дека е спремна за онлајн состаноци, откога беше објавен статус:

„Тамара Тодевска како е на тиндер?“

Тамара Т, 35, стоеше во коментарите, а Тамара дополни: „Тамара е онлајн на тиндер, која е апликација за пронаоѓање на партнер.

На Тамара деновите ѝ поминуваат многу лежерно, а во последната нејзина објава на стори на Инста објави дека си лежи со нејзиното кученце.

„Вака цел ден“, стои во објавата на Тамара на која кученцето ужива во прегратките на пејачката, а Тамара изгледа многу исполнета.

Previous articleИздавам стан исклучиво на мајка со дете – Жена објави оглас и кажа зошто ги пребира станарите, многумина ќе се пронајдат
Next articleИлина го живее американскиот сон, летна од Тенеси на ова возбудливо место