Home Live Елена од Сител покажа што прави рочно во 6 наутро, додека некои...

Елена од Сител покажа што прави рочно во 6 наутро, додека некои уште спијат, таа е насмеана (ФОТО)

Eлена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која направи харизматична спојка помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.

Секогаш доследна на својот романтичен стил, таа во една прилика за „Фешнел“ ја открива својата релација со возбудливиот свет на модата. Елена инаку ја води утринската програма на „Сител.

-Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.

Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето. Мислам дека сево ова е доказ, зарем не?

Секогаш го дефинирам мојот стил како романтичен, и во најрокерската комбинација јас ќе најдам простор за нешто нежно.

Радиото дозволува комфор во многу нешта за разлика од телевизијата, па и во облеката. Но, јас сум доследна на себе. Не се шминкам за на радио, но изборот на гардероба е пристоен и во согласност со тоа како се чувствувам, некогаш знам и многу да се дотерам.

Одам на ревии кај дизајнерите кои ме повикуваат, ги канам во своите емисии и мислам дека за жал талентот некогаш го ограничува скромниот буџет.

Но, ме радува оптимизмот и знам да излезам во пресрет и медиумски да ги поддржам луѓето од македонската модна сцена.

Не сум имала можност, но навистина би сакала да ги следам ревиите на Валентино, Прада, Долче и Габана, а би сакала да присуствувам и на некое шоу на Викторија Сикрет“, рекла Елена, а потоа добила интересно прашање:

– Со која од светските познати личности би оделе во шопинг? Што мислите од кој би добила најинтересни модни совети?

-Се си мислам дека Викторија Бекам би била одличен водич. Не ја подржувам нејзината опсесија со килограмите, но ми се допаѓа нејзината рафинираност,дури и во нејзините колекции“, рекла Елена.

Шармантната водителка која речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.

Но, убавата Елена е доста активен корисник и на социјалните мрежи каде редовно пред јавноста открива детали од своето секојдневие и приватноста.

Во една пеилика таа на својот профил го објави најдрагото во својот живот – нејзината ќеркичка.

Поводот за тоа беше роденденот на нејзината сакана наследничка, односно денот кога пред седум години Елена се реализираше во улогата на мајка.

– Љубов моја најголема. Денес е твој ден, мојот најважен ден 13. Ноември. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја.

Мое шеќер бебе. Среќен роденден! Секој ден те сакам се повеќе! Мама, напиша Елена во посветата за својата најсакана Илина.

Таа е омилена кај сите генерации, не амо поради нејзината убавина, тууку и поради непосредниот однос кој го има со гледачите. Та во Женски магазион зборуваше за своите ритуали за убавина:

Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.

Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика.

Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.

Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување. Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи“, изјавила Елена.

Елена покажа како секое утро е подготвена да велзе вон студио и да се дружи со колегите од Утринслата програма на Сител. „Точно во 6 часот наутро- утрински ритуал“, напиша Елена до видеото кое го шерна на стори на Инста.

И деодека некои допрва се будат, некои уште спијат, Елена е подготвена да го пречека новиот ден, полна со енергија, насмеана, нашминкана и дотерана.

Previous articleИлина го живее американскиот сон, летна од Тенеси на ова возбудливо место
Next articleТијана Дапчевиќ прозборе за муабетите за разводот со Милан, па си најде уште една професија, и се пофали на Инста (ФОТО)