Home Live Ги зголеми ли и Ноне усните, објави нова слика за која рече...

Ги зголеми ли и Ноне усните, објави нова слика за која рече дека свети (ФОТО)

Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организиран денот во мисливе“, изјави Ноне Неделковска во една прилика за Женски магазин.

Нашата шејачка која долги години не пее активно и рабпти на брод, вели дека работата на брод има малку поразлично темпо на живот, а секој ден ѝ започнува во некој друг град, и со тоа доаѓаат и различни обврски.

Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот. Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место. Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот.

Сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит.

Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера. Филмовите на Марвел и ДС ми се фаворит за опуштање“, рекла Ноне.

На една од фотографиите ја покажа и нејзината мајка, на која многу наликува. Иако има 35 години, Ноне навистина изгледа како девојче, иако многу од фановите на социјалните мрежи ѝ велат дека ѝ е време за бебе и дека ќе биде најубава мајка.

– Три часа возење низ пустина во Сахара, незаборавно искуство. Куба е приказна за себе. Пливање со делфини во Мексико, пливање со ражи на Кајманските острови, карневал во Ла Палма, рајските плажи на Јамајка, египетските пирамиди“.

Вака Ноне за Црно-бело пренесува дел од своите искуства на патувањата низ светот, но и ги открива негативните страни на работата на брод.

Март 2012 започна мојот предизвик да работам далеку од дома на подолг период. Ме примија како советник за убавина во duty free shop, а по неколку години бев унапредена во менаџер.

Можеби е чудно за некој што работи на брод да каже дека има морска болест, ама секој пат и на мало невреме кога имаме лулање на бродот јас сум на таблети. Е тогаш си викам доста е овој живот.

Сите оние што добиле шанса да работат на брод, па морале да заминат и да остават дома сакани 100% им е тешко. Треба да имаш голема доверба и јаки нерви. Разни работи се изнагледав за овие години, можам да напишам една книга за љубовта на брод.

Со Рајан бевме заедно 6 години. Немаме контакт откако се разделивме, но еднаш на домашна адреса ми стигна цвеќе од него, многу убав гест, но јас бев на брод тој период. Многу беше среќен кога дојде во Македонија. Знаеше да каже по некоја реченица на македонски, па на сите им беше интересен.

Имаше и непријатни моменти кога се шетавме по улица, луѓе што нѐ гледаа се крстеа, превртуваа очи ама добро, не се стресираше многу поради тоа, две ракии и сѐ се забораваше“, изјави таа.

Ноне објави своја нова слика, а колку што може да се види, таа веќе не е во родниот Велес, туку е пак замината на брод. Таа на Инста напишала. 11.11- светам.

Но, освен што Ноне свети и изгледа супер, таа исто така има упте нешто што е различно на оваа слика, а тоа се нејзините пополни усни. Ноне отсекогаш била убава девојка со шарм, а на оваа слика изгледа поинаку од претходно.

Ноне официјално не се пофали дали направила корекација на усните или пак станува збор за само добра шминка, но ќе оставиме другите нејзини слики да покажат.

Previous articleМи се појави здравствен проблем, Господ ме чувал- сестрата на Лозано искрено раскажа за големата мака
Next articleПроф. Трајковски со добри вести: Зимава најверојатно нема да видиме драстично зголемување на бројот на нови случаи