Home Live Тијана Дапчевиќ прозборе за муабетите за разводот со Милан, па си најде...

Тијана Дапчевиќ прозборе за муабетите за разводот со Милан, па си најде уште една професија, и се пофали на Инста (ФОТО)

Во едно интервју, нашата позната пејачка и актерка, Тијана Дапчевиќ, скопјанаката која живее во Белград, рече дека себеси во иднина се гледа и во филм за кој вели дека уште не е напишан.

Таа га глумеше и по се изгледа пак ќе ја глуми Ула, германката во серијата „Преспав“, и во една прилика зборуваше за тоа како помубувало снимањето на оваа комична серија.

– Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената.

Ула е луда, ја крши кризата на средни години. И понатаму бескрајно бара внимание и љубов од Коста, и понатаму го брка и таа ги решава нормално и природно сите проблеми, затоа што таа е Германка, нели?

– Додека снимавме овие месеци во Скопје, хм, само јас си знам како ми беше. Ама, знаеш како, добро е што ОХО како продукција многу не’ чува, како бели мечки сме заштитени. Ништо не ни фалеше.

Јас доаѓав, снимав по седум дена во Скопје, па се враќав во Белград, па Вук и Милан доаѓаа во Скопје.

8Олеснителна околност беше тоа што можев да одам, па пак да се враќам. Добро е што Вук и Милан си се навикнати да се дружат и да си се чуваат, најдобри другари се, така што јас проблем со тоа немам.

Милан, покрај тоа што е најдобар сопруг и мојот ветер во грб веќе 23 години е и прекрасен татко. Јас постојано ова го зборувам и веќе досадна станав“, кажа Тијана во Женски магазин и додаде:

– Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно.

Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.

Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други.

Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов“,рече Тијана, а потоа прозборе за својот изглед и за својата физичка активност:

Што се однесува до физичката активност и до исхраната, дојдов во тие години кога решив во сѐ да бидам умерена, да си го најдам баланост. Имам исхрана која ја применувам веќе со години и некоја рутина која ми одговара.

Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана, и ја применувам еве веќе подолго од четири години и тоа ми одговара. Освен начинот на исхрана, редовно вежбам.

Потоа, го добила прашањето: Медиумите одамна престанаа да те разведуваат со Милан, им здосади истата приказна или најде начин како да ги спречиш? На оваа, таа одговорила:

– Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки.

Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор. Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана.

Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа.“

Тијана Дапчевиќ на Инста се пофали дека супер се снаоѓа со уште една професија, а тоа е манекенството. Таа гордо се прошета на модната писта, на белградската модна недела во модерен аурфит, и добила аплауузи како да е профи модел, браво за Тијана.

Previous articleЕлена од Сител покажа што прави рочно во 6 наутро, додека некои уште спијат, таа е насмеана (ФОТО)
Next articleЈелена Розга откри како е толку згодна во петтата деценија: Јадам бурек навeчер и слаба сум