Home Uncategorized Ирена Спасовска спомна мажачка по вторпат: Да ми ја пееш оваа песна,...

Ирена Спасовска спомна мажачка по вторпат: Да ми ја пееш оваа песна, му побара на кандидат

Ирена цврсто си стои на ставот дека жените треба да се грижат за својот изглед, па и да направат естетска корекција, доколку тоа е потребно“, пренесе Фокус во една прилика.

-Најчесто се добиваат критики од оние жени кои биле природни. Е па, добро, природна ама природна си грда! Разубави се малку, кога ти нуди животот можност да бидеш убава – раскажа таа за Репортер.

Една фотографија од Катар го привлече вниманието откако со извесен шеик се сликаше на коктел. Ни кажа дека ја прошетал низ неговиот трговски центар. „Види и денес ме бара, ама ние Македонките сме тешки жени“, открива Спасовска.

Ирена во една прилика објави слика на својот Фејсбук профил, каде што упати порака до своите следбеници. Таа гордо го истакна своето деколте и ја упати следнава порака со сликата која сосема се совпаѓа со неа.

-Вдиши иднина, издиши минато, порача Ирена до сликата и доби комплименти за својот изглед.

„Убавица си, прекрасна“, е еден од коментарите кои ги доби Ирена.

Во јавноста, сè уште е актуелна нејзината врска со новинарот Орце Гелевски која заврши пред речиси четири години, a во една прилика Ирена го стави на место и поранешниот, но и оние кои коментираат и зборуваат за нејзината разделба.

-Обично се вели кој е иницијатор за разделба, тој подобро поминува. Па, сега..тоа е. Би сакала оваа тема да се затвори и да не се врти по порталите веќе“, вели Ирена.

А всушност, таа приказната ја раскажа за порталот Кликниме и таму рече:

– Навистина е срамота што после 4 години се отвара оваа тема. Порталите нека ме остават на мир бидејки ова не е фер. Не знам дали Орце изјавил така.

Изневерување, не секогаш е физичко, може да биде во очекувања, цел живот да бидеме заедно, но јас сум ставила крај на врската и со тоа се изневерени неговите очекувања.

И не, не се каам бидејки според мене љубовта е “вечна” додека трае. Со текот на годините работите се менуваат и за ништо во животот нема гаранција.

Животот не доаѓа ниту со упатство за живеење ниту со гаранција за нешто.

Башка тоа што јас бев слободна и никого не изневерив, а тој беше иницијатор за врска иако беше во брак.

Според тоа, тој изневерил и не ги оставил жената и децата заради мене, туку за себе, за да си направи промена во животот од кој не беше задоволен.

Тој најмалку има право да зборува за неверства.. Или пак ќе речам можеби неговите зборови на порталите се испревртени.

Јас категорично велам – доста ми е од портали и „светци и светици” што коментираат за мене или за други јавни личности, а се многу далеку од вистината на нивните коментари..

Истите тие живеат во формални бракови само за статус во општеството, без трошка љубов и сек’с. Живеат од интерес за пари и имот или да не им се разруши комодитетот или се плашат да останат сами или заради децата, рече Ирена и продолжи:

Изневеруваат на секој чекор, а и тие што не изневериле ако им се укаже прилика, веднаш би го направиле тоа во првата прилика.

Но тие изигруваат „чесни”, а од друга страна се најгласни и ги коментираат и осудуваат другите.

А, најчудно ми е тоа што откако пред четири години ставив крај на врската со Орце, јас немам помислено на човекот, а порталите и луѓето се заморуваат со мене и со минато свршено време“, кажа таа за Кликниме.

Спасовска сега е во жири комисијата на новото македонско талент шоу, а во најавата за емисијата која се одржа во изминатава сабота во 14 часот, Ирена на еден кандидат му рече:

-Ако по вторпат се мажам, да ми пееш на свадба и тоа да ми ја отпееш оваа песна, му рече Ирена на кандидатот, а за која песна се работи ќе дознаеме наскоро.

Во секој случај, Ирена размислува за оваа можност и сега знаеме дека пејачката би си го дала срцето по вторпат.

Најавата за емисијата може да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleДанела се виде со познатиот Д-р Горан во Германија: Вчера седев со Арсовска на маса (ФОТО)
Next articleЏамбазов седна помеѓу познати жени, имаше посебен повод за славење, на Илина не ѝ се допадна тоа