Home Live Влатко Миладиновски е милионер, се пофали со убави новости на Фејс, но...

Влатко Миладиновски е милионер, се пофали со убави новости на Фејс, но за ова е заслужен и упокоениот Тоде Новачевски

Еден од најпознатите и најбараните македонски пејачи Влатко Миладиноски, во интервју за ИН ТВ проговори за тоа како се справуваше со коро на кризата, за време на пандемијата.

Иако беше приморан да откаже бројни настапи поради корона вирусот, меѓу кои и голема турнеја во Америка и Канада, тој вели дека сепак овој одмор и му годел бидејќи поминал повеќе време со семејството.

Како што открива периодов се подготвуваат неговите нови песни во студиото на неговиот брат Златко Миладиноски, а со тоа на неговите фанови им најавува вистинско изненадување.

-Би кажал дека останавме половични од сите тие големи планови. Имаше и доста турнеи кои што се организираа заклучно до 8-ми Март во 2020 година.

Следуваше една голема турнеја во Америка и Канада со Сузана Гавазова и мојот брат Златко Миладиноски, но за жал тоа се одложи, се одложија и многу други гостувања и патувања.

Малку одморивме, да бидам искрен тоа и ми годеше, добро ми дојде. Еве во последно време сработивме нешто, спремивме многу нови песни кои што лека полека ќе ги издаваме.

Тие се веќе спремни само го чекаме вистинското време, некои гостувања по емисии, така да не бевме цело време пасивни, иако доста пасивно почнавме, меѓутоа ете пред крајот на 2020-та малку се ангажиравме.

Во студиото на брат ми Златко, реализиравме многу идеи кои што во идниот период секако во свое време ќе бидат објавени.-истакна Миладиноски за естрадниот магазин Естрада плус.

Влатко Миладинвоски, потекнува од музичко семејство, а за него неодамна зборуваше неговиот братучед, Дамјан Стојановски, синот на големиот Војо Стојановски.

Влатко минатата година стана татко на уште една ќерка. Со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (5) а од пред Велигден минатата година ја добија и малата Андреа.

-Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа и што велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите“, изјави Влатко за ММС.мк.

Тој рече дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди, а еден од нив е и фолк пејачот Влатко Миладиновски.

Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.

Објасни дека младите од неговиот, кичевски крај доста ја негуваат традицијата и многу ја сакаат македонската народна музика како него.

По повод роденденот на Војо, на социјалните мрежи се огласи пејачот Влатко Миладиновски, инаку внук на Војо, кој објави видео од нивен заеднички настап, во чиј опис напиша емотивна порака за својот вујко.

„На овој ден му беше роденден на мојот вујко Војо Стојаноски. Сигурно ќе пиевме нескафе “студено”. Вечна му слава”, напиша Влатко на Фејсбук.

Влатко Миладиновски е милионер, ако судиме според прегледите на неговиот Јутјуб канал. Песната „Велат не нема“ која е голем хит, има 4 милиони прегледи, а Влатко со оваа убава вест се пофалил на неговиот Фејсбук профил.

Оваа песна ја напиша упокоениот Тоде Новачевски, поранешниот сопруг на Маријана Новачевска, кој за жал се упкои во февруари во Австралија. Тоде многу ја сакаше својката родна земја Македонија и за неа ја напиша оваа песна.

-Велат не нема ама еве сме, со мерак сред Солун оро играме, велат не нема, ама еве сме, ееееј, македонски песни гордно пееме“. Вака се пее рефренот на оваа позната песна.

Тое Новачевски, иако веќе не е меѓу нас е заслужен за популарноста на песната. Тој ја напишал музиката, Крсте Наумоски Мечкар а автор на ово текст, а аранжманот го направи Златко Миладиновски, братот на Влатко.

Previous articleСе скара со Карлеуша, па сосема го смени имиџот, Дара Бубамара никој не би ја познал ваква (ФОТО)
Next articleПанки раскажа како се дружел со Вучиќ, претседателот на Србија и како му бил дома на вечера (ВИДЕО)