Home News Порака до Стевчо Јакимовски: Градоначалниче, наместо да се препукувате со Мицковски, подобро...

Порака до Стевчо Јакимовски: Градоначалниче, наместо да се препукувате со Мицковски, подобро исчистете го Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на изненадување на многумина, во јуни оваа година, ја раскина долгогодишната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тогаш објави дека по 99 месеци, ја прекинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ги објасни причините.

-Веќее сдум месеци се обидувам сето тоа да го склопиме во еден заеднички продукт, а тоа значи подобар сервис за граѓаните.

За жал, не успеавме да најдеме заеднички јазик со ВМРО-ДПМНЕ, напротив се соочуваме со опструкции, со подметнувања, со омаловожувања и со навреди како градоначалник лично.

Со моите години и искуство не можам да дозволам некој да си поигрува со мене и со советот на општина карпош, но и со граѓаните.

Затоа Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите и командите од еден центар, изјави за медиумите градоначаникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, објавувајќи дека неговата партија ГРОМ ја прекинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе тајниот не п ријател не можам да го трпам. Од тајни веројатно има причини да станеме јавни непријатели и виновник за тоа не сум јас.

Се обидував долго време да ги ускладиме односите, меѓутоа, да се вмешате во внатрешните работи на една политичка партија и преку грбот на граѓаните да се обидувате да вршите притисок врз еден градоначалник и да вие бидете тој кој ќе командува со општина Карпош, а затоа граѓаните не ви дале мандат и не сте бирани, едноставно не може, а ако сакате да бидете градоначник кандидирајте се на следните избори. Јас и ГРОМ остануваме и натаму опозицонери, ќе продолжиме да делуваме опозиционо и во интерес на граѓаните“. додаде Јакимовски.

Тој истакна дека единствен виновник за ова е лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува сите обврски кон останатите членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои остварил добри односи.

Од тогагаш па наваму, речиси при секој јавен настап, Јакимовски се занимава со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Јакимовски секоја недела гостува на подкаст на еден канал на Јутуб и ги анализира состојбите во земјава и странство, но не пропушта да го коментира Мицкоски.

Слично е и со статусите на неговиот профил на социјалните мрежи. Во последниот статус од завчера, Јакимовски пишува:

„Видовте ли како изгледа “електричар” залутан во политика?Како проаѓа времето се повеќе заглавува!

Најновиот бисер на Мице му е неговата симпатија кон Ванчо Михајлов! Тој вели дека Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО и тоа треба да се почитува!

Браво бе лидериште, за Ванчо Михајлов континуитет, а за Груевски дисконтинуитет.

Ванчо да се почитува и да има според него “заслужно” место во историјата, а за Груевски “заслужно” место во Идризово.
Толку ли брзо ги заборави добрините од Груевски? Лидериште!“

Под овој статус, во коментар, фан на Јакимовски го потсети кои се неговите надлежности како градоначалник и го замоли, наместо да се занимава со Мицкоски, да го исчисти Карпош 4:

„Градоначалниче, наместо да се препукувате со Мицковски на ФБ, подобро исчистете го Карпош 4. Секоја година иста песна.

Лисја насекаде, ниту се собираат ниту се чисти. На Волгоградска секаде ѓубре, од лисја и дожд се лизга, ќе скршиме нозе или раце, па после ќе треба да се тижиме.“

Previous articleЏокси со емотивна посвета за мајка си: Жал ми е што не ја испочитував додека беше меѓу нас
Next articleТој е нашиот најромантичен новинар- еве што прави Мишко за љубов за својата сакана, професорката Татјана