Home Live Тој е нашиот најромантичен новинар- еве што прави Мишко за љубов за...

Тој е нашиот најромантичен новинар- еве што прави Мишко за љубов за својата сакана, професорката Татјана

За новинарот Мишко Иванов од ТВ 24 се знае дека многу домашни и регионални доајени беа дел од неговите приказни. Од тенорот Благој Нацовски кој за прв пат ги отвори вратите на Миланската скала на една Тв куќа, преку фудбалската легенда Горан Пандев, до последното интервју на Милена Дравиќ.

Мишко Иванов има со што да се гордее во „Патот до успехот“. Иванов во една прилика раскажа за снимањето со мајката на упкоенјот Дражен Петровиќ, која му била емотивно најтешката задача во сите 250 емисии.

Потоа, кажа за повеќечасовната дружба и специјалитетите кои екипата и тој ги дегустирале со Милена Дравиќ, но и емисијата со Винсенте Дел Боске, поранешниот тренер на „Реал Мадрид“…

– Дражен Петровиќ е светска кошаркарска легенда, остави голем печат, а истовремено не задолжи да го чуваме неговиот лик и дело. Бисерка, неговата мајка на целата тага и мака која што ја има доживеано и преживеано, има неверојатен дух во смисла на продолжување на живеење на ликот и делото на нејзиниот син, на големата кошаркарска легенда.

Идејата дојде од програмскиот директор и без двоумење ја прифативме веднаш. Г-ѓа Бисерка не се двоумеше кога ѝ се јавивме.

Се сеќавам беше пролет, април во Белград, кога заедно со уште една легенда на југословенското глумиште Воја Брајовиќ (популарниот Тихи), ја побаравме за да ја поканиме да гостува во „Патот до успехот“.

Се согласи на интервју, иако поради болестите кои ја измачуваа Милена Дравиќ бегаше од камерите. Кога го договаравме интервјуто, прво ме праша колку време трае снимањето, откако и реков 3-4 часа, се замисли и ме праша: „Мишко, не знам дали ќе можам да издржам толку.

Ова време, ова расцутување на липите ми го отежнуваат дишењето. Уште повеќе што по смртта на Гага, одбегнував интервјуа.“ Се договоривме, пред почетокот на летото да го направиме интервјуто.

„Дојдетете во Чубура“, култна белградска кафеана, нè покани Дравиќ. Уживање беше разговорот со личност како Дравиќ, неверојатно. По снимањето, нè покани мене, Александар (Карфа) и Сашко малку да одмориме, пред да тргнеме накај Скопје.

Персоналот во кафеаната, нè замоли да седнеме и почнаа да изнесуваат специјалитети. Ова е поздрав до вас и Милена, од сопственичката на локалот.

Чест ѝ е што сте нејзини гости. По официјалниот дел, по снимањето, останавме уште 2-3 часа, на муабетот му немаше крај“, кажал во Женски маагзин Иванов.

Познато е дека Иванов е оженет со Татјана Стојановска- Иванова, професор на Институтот по социологија на Филозофскиот факултет. Во една прилика, во Женски магазин, тој зборувал за својата сопруга.

-Иако, Тања е стружанка, а јас штипјанец, често знаеме да отидеме на југот. Гевгелија, Валандово и Дојран ни се омилени дестинации.

Топлината на југот, гостопримството на луѓето и пријатната клима ни ги полнат батериите и потоа многу полесно влегуваме во новата секојдневна рутина. Најмногу се релаксираме со нашите внуки, Ана и Мелани.

Таа практично е мојот најголем мотиватор. Полна со идеи, активна што би рекле 100 на саат. Понекогаш дури знам да ѝ кажам: „Душо дај еден викенд да одмориме, да останеме дома“, а таа ќе се насмее и ќе каже:

„Ајде уште овој пат до отидеме некаде надвор од Скопје, да размениме малку, затоа што од понеделник повторно сме на работа, следниот викенд остани дома гледај фудбали цел ден, таман јас да си ја довршам книгата. Хаха.“

Мој мотиватор и конструктивен критичар за секоја моја емисија, иако понекогаш знам да се спротивставам на нејзини коментари заради нашата новинарска суета, сепак на крајот како по непишано правило таа ќе излезе во право.

Често знае и да ми сугерира и теми и гости за емисија, особено во моментите кога ќе почнам гласно да размислувам каде да отпатувам и кого да поканам во „Патот до успехот“.

Политички дуели и дебати не правам, заради нејзниот политички ангажман, како што соопштив минатото лето. Сега има повеќе време за интервјуа кои немаат врска со политика и за дебати кои се од општествено значење, а не се врзани со политиката“, изјавил Мишко Иванов.

Колкаво е неговото почитување кон сорпугата, Мишко покажа пред неколку денови, кога по повод нејзиниот роденден, ја однесе на Кабаре!

Previous articleПорака до Стевчо Јакимовски: Градоначалниче, наместо да се препукувате со Мицковски, подобро исчистете го Карпош
Next articleСузана Гавазова отворено прозборе кој е нејзиниот најголем адут и за тоа што е природно а што не е на неа