Home Live Еве што правела Сања од „Брза кујна“ пред да стане позното ТВ...

Еве што правела Сања од „Брза кујна“ пред да стане позното ТВ лице- водителката се присети на стар вреден спомен

Сања Савеска со нејзината искрена насмевка и шарм, за кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, прво во ТВ 24 , а последниве две години и како нова водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ „Сител“.

Сања Савеска вели дека овој ангажман кој ѝ е голема љубов, прво го гледала како предизвик, како и сè во животот, подготвеноста со нејзиниот сакан Томи да се качи на мотор и да открива нови места покрај море.

Како хороскопски рак, Сања за себеси вели дека е преемотивна, а во Женски магазин таа раскажа што ја прави среќна освен времето поминато со шефовите од кујната, и откри дел од својата приватност.

-Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено. (се смее)

– Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден . Првите неколку дена ми беа малку потешки ,бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите .

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно, додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.

Се знае сосема доволно, повеќе и не сакам да откривам, тогаш не би бил приватен живот. Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата“, рече таа за својот партнер Томи и продолжи:

Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша.

Сосема случајно се запознавме, на една прослава, па пополека , иако различни сфативме дека сме еден за друг, и токму неговата упорност како карактерна особина ме привлече. Му се воодушевувам на енергијата што ја има , и што не отстапува од своите цели колку и да тоа значи жртва и отстапки од многу нешта.

Водителката на „Брза кујна“ на 23 јуни имаше убав повод за славење. Имено, таа го прослави својот роденден, а на нејзиниот Фејсбук профил осамнаа бројни честитки и пораки со убави желби.

Сања е од оние ретките која нема намера да сокрие дека е во петатта деценија од животот, ниту да ги сокрие годините. Водителката на социјалните мрежи се заблагодари за честитките, и ги откри годините“; објави Вистина.

По тој повод, Савеска напиша: „Годините не значат ништо,тие се само бројка! Важен е мирот,среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме. Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка.

Бидете ми сите живи и здрави и едно огромно благодарам за искрените и убави честитки П.С. Пред 1 има 4 ,не ги кријам, си ги сакам, мои си се сите ,полни 41“ напиша таа покрај фотографијата на која позира со роденденска торта.

Ова го напиша Сања минатата година, кога наполни 41 година, што знали дека сега има 42 што никој не би ѝ ги дал.

Сања се присети дека таа всушност има глумено во еден од најпознатите спотови на Владо Јаневски, за песната „Што и да е, ќе помине“. Оваа песна важи за еден најголемите хитови на Јаневски, и во Македонинја воопшто.

-Што и да е, ќе помине ! Јас, девојче пред 22 години. Дел од спотот на еден од најголемите хитови на Владо Јанвски“, напишала Сања на Фејсбук и го споделила овој спот.

А всушност, таа има една од водечките улоги во спотот.

Таа е девојката која го испраќа момчето во војска на железничката станица кога Владо Јанесвки вели: Стоиме гушнати јас и ти крај оној јануарски воз.

Може да се забележи, иако квалитетот на снимката од 2000 година е доста послаб дека Сања не е многу сменета од тогаш, и дека младоликоста ја задржала и денес.

Previous articleТрифун Костовски како поранешен градоначалник на Скопје, се огласи за ФК Вардар
Next articleОва е сестрата на Калиопи, различни се, а сепак многу слични- пејачката го покажа својот убав дом и ги собра овие луѓе