Home Live Додека сите бегаат во странство, Јордан Митев се враќа во родниот Радовиш

Додека сите бегаат во странство, Јордан Митев се враќа во родниот Радовиш

Јордан Митев, пејачот кој ги испеа песните „Татко“, „Наздрави за љубов“, „Јас и ти“, „Ајде сите на нозе“, „Моја кралице“, „Жена за сто години“ потелнува од радовишкото село Подареш.

– Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 17-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

– Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака.

Од една страна многу јак , но од друга многу слаб. Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика.

Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест .Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.

На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот. Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував.

Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.И така се роди првата мисла. Пак сум со вас вечерва да ви запеам,радоста и тагата да ја опеам,сите што сте дојдени ве поздравувам и со чаша крената ви наздравувам! Ајде сега станете”…..

песната ја напишав и веднаш знаев дека е хит. Во средата влегов во студиото, работев цела вечер, а во четврток претпладне комплетно ја затворив песната и ја предадов на фестивалот.

Во петок излегов на бина, публиката стана нозе и зедов награда“, рече тој во едно интервју за Радар.

Тој исто така раскажа како ја запознал негопвата сопруга Славица која е Македонка од Австралија, и зошто место Австралија, ја избрале Македонија за свое место за живеење.

– Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.

Секако дека наоѓам време за се . Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…

Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам .

Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.

Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, изјавил Јордан за Радар.

Јордан Митев во повеќе наврати има спомнато дека е горд на својот радовишки крај, а сега објави една вест во која најавува дека се враќа дома, во Радовиш, и тоа за новогодишната ноќ.

И додека сите негови колеги гледаат да фатат тезга надвор Митев се враќа кон корените и објави дека за Нова година ќе пее Радовиш, а по ова наиде на доста позитивни критики од неговите обожаватели.

Previous articleПо Лила, и оваа голема ѕвезда го посети Јордан- две убавици во исто време во иста земја (ФОТО)
Next articleПо долго време, Александра Мијалкова се огласи на Фејcбук, се упокoи овој за неа вреден и значаен човек