Home Live Повеќе од 30 години го нема на овој свет, а таа уште...

Повеќе од 30 години го нема на овој свет, а таа уште пее за него- Најубавата љубовна приказна во екс Ју започнала во Скопје

Mузичката дива Јосиоа Лисац најави концертен спектакл во салата Лисински во Загреб, како и реиздавање на култниот албум „Дневникот на една љубов“ на винил.

По повод половина век од албумот, Croatia Records ќе издаде ексклузивно ограничено издание, винил мастериран од Miles Showell во Abbey Road Studios.

Ова винилно издание ќе биде придружено со исечоци од архивски весници за албумот, објавен во 1973 година, а со записот секој купувач ќе добие и код за преземање со mp3 верзија на албумот, велат од издавачката куќа.

Познато е дека Јосипа Лисац долги години беше во љубов со музичарот Карло Метикош, кој се упокии на крајот на 1991 година, на 51 година. И Скопје има судбинска улога во оваа нивна љубов…

„Па, што барам јас овде- се запрашав кога првпат ја слушнав неа… Потоа се заљубив со глава до петици и така натаму… Почувствував дека има некој необичен, кој го заслужи моето внимание.

Тоаа се случи тогаш кога сфатив дека веќе сум веќе малку стар и уморен од рокенролот…“, беа зборовите на Карло Метикош за средбата со неговата најголема љубов Јосип Лисац.

Ова беа меѓу првите писма напишани во Дневникот на една љубов, буквално и музички, кои парот и ги подари на својата публика.

Музичката дива ќе ја одбележи 50-годишнината од албумот „Дневник једне љубави“ кој и ја промени кариерата, означи пресврт во кариерата на Кало Метикош и влијаеше на целокупната дискографија на ова поднебје.

Првиот концерт посветен на ова епохално издание ќе се одржи на 21 февруари 2023 година во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, а се подготвува и ремастерирано реиздание на винил.

Кога се запознале Јосипа и Карло, таа била млада и талентирана пејачка, а тој успешен музичар, рок ѕвезда со меѓународна кариера. Настапувал под името Мет Колинс. Карло се етаблира во Париз со песната „En écoutant la pluie“ (Ритам на дождот).

Уште како тинејџерка била негова голема обожавателка, но фаталната средба се случила шест години подоцна. Беше 6 февруари 1971 година во Петриња, два дена пред неговиот 31 роденден и осум дена пред нејзиниот 21 роденден.

“Влегов во соблекувалната полна со изведувачи и прав го видов. Очите ни се сретнаа и тоа беше тоа”, ја опишува Јосипа средбата во која се заљубиле. Оттогаш, февруари е месец на љубовта за двајцата уметници.

Двајцата музичари се запознале еднаш претходно, во 1970 година во Скопје, на заеднички настап. „Се сеќавам дека седеше на клавир и свиреше нешто. Му пријдов на клавирот и му реков: „Ох, убаво свириш!“, но тој не ми обрнуваше внимание.

Подоцна, домаќините организираа вечера, ние сите седнавме на голема маса, каде што имаше и актери и пејачи, политичари… Уште не обрнуваше внимание на мене.

Дури подоцна ми призна дека точно се сеќава на фустанот што го носев во Скопје, што му кажав , со каков глас, каде седев на вечерата и дека таму ми се додворуваше еден актер. Имаше неверојатна способност за набљудување“, опиша Јосипа.

Карло тогаш беше во врска со Етиопјанката Габриела, но откако се заљуби во Јосипа, не само што ја прекина врската, туку и стави крај на својата пејачка кариера и целосно се посвети на пишувањето. Јосипа не само што му е животна сопатничка, а пишувал музика само за неа.

Заедно ја стекнаа популарноста, заедно останаа сосема различни и потполно свои, патуваа заедно и живееја уметност. Карло се упокои млад, на крајот на 1991 година, на 51 година. Но, нивната љубов не.

Следната година, Јосипа организираше концерт во негова чест, кој остана традиција до ден-денес.

„Идентитетот се губи во бракот, не би можела да издржам било кој да ме нарече негова жена… за Карло никогаш не бев негова сопруга, туку бев само Јосипа“, рече таа на едно од многуте прашања зошто никогаш не се венчале.

На двајцата талентирани уметници, никој не бим беше рамен, а нивниот уметнички израз остана единствен до ден-денес. Се сакаа силно до самиот крај, а ниту упкојувањето на Карло како да не ги раздели.

Првиот заеднички концептуален албум „Дневник једне љубов“ донесе некои од најомилените и незаборавни композиции кои живеат до ден-денес. Нивната врска беше полна со љубов и меѓусебно почитување, а станаа синоним за лојалност и безвременска љубов.

Previous articleПо долго време, Александра Мијалкова се огласи на Фејcбук, се упокoи овој за неа вреден и значаен човек
Next articleБлазеси му на мажот на Живкица, нашата водителка се пофали каква домаќинка е и како го разгалува семејството по дома