Home News Ристо Пенов: Со овој гpадоначалник можам најлесно да се разберам – премногу...

Ристо Пенов: Со овој гpадоначалник можам најлесно да се разберам – премногу е искусен

Добро познатото лице на македонската политичка сцена, поранешниот градоначалник на Скопје и поранешен лидер на ЛДП, Ристо Пенов, од неодамна е нов министер за локална самоуправа.

„Природно е како министер за локална самоуправа, првата активност да ја започнам со најголемата единица на локална самоуправа, градот Скопје и градоначалничката која воедно е и претседател на ЗЕЛС’, рече новоименуваниот министер Ристо Пенов минатата недела во гостувањето во емисијата ‘Само вистина’, на Канал 5 телевизија.

Тој рече дека токму од тука треба да тргне разрешувањето на проблемите и да се отворат можности.

-Бев да разговарам кои се проблемите, каде е Владата, кои се односите со Владата, што може да се промени, што да се подобри. Интерес на Владата е скопјани да бидат задоволни. Да бидат задоволни од условите за живеење во Скопје, рече Пенов.

Тој додаде дека во некои општини дури и сметките се поголеми од приходите, но затоа се преземаат дополнителни мерки, а една таква е за училиштата и јавните претпријатија да бидат внесени на регулираниот пазар.

-Видете, ние сме Македонија, немаме енергија, немаме пари да ја купиме, за да можеме така лесно да се однесуваме. Улогата на општината е да заштеди енергија, преку јавните осветлувања.

Води ли некој сметка во колку часот се вклучуваат светлата, дали е мрак, во колку се исклучуваат. Еден час да горат сите сијалици, тоа е во ветер фрлена енергија која некој треба да ја бенефицира, бидејќи цената којашто се плаќа не е цена на чинење, поскапо ја произведуваме за да ја дадеме поевтино. Лед сијалици ставени ли се?, прашува Пенов.

Во оваа насока, Пенов почна со посета на општините во Град Скопје, а прва дестинација му беше Општина Карпош. Општина Карпош која, како што кажа, успеала да ја преполови потрошувачката на струја.

„Ова е патот – мојот метод, ако можам да го наречам е преку истакнување на успешните примери, сите да видат како треба да се однесуваме.

Се разбира, некој нема да почитува, ќе одвојува повеќе средства од буџетот, граѓаните ќе имаат помалку можности за реализација на проекти. Засега за санкции не можеме да говориме.“-Ристо Пенов, министер за локална самоуправа.

Токму енергетската криза била една од темите на разговор помеѓу Пенов и градоначалникот на Карпош, Јакимовски. Тој очекува министерството да помогне за повеќе проекти од суштинско значење за жителите на оваа општина.

„Разговаравме, нормално, за енергетската криза и можноста евентуално за поддршка од страна на Владата за проекти кои што ги имаме во насока на заштеда на енергија на уличното осветлување, во градинките и училиштата.

Општина Карпош е еден позитивен пример за штедење и раководење, а мене ми беше особена чест да разговарам со градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој е искусен менаџер, го познавам одамна и поради неговата професионалност, можеме лесно да се разбереме, рече Пенов.

Разговаравме за проблемите со кои што се соочуваме при обидите за инвестирање, како на домашни така и на странски инвеститори во земјава и проблемите во делот на урбанизмот.“-Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Previous articleАнета Молика смени имиџ откако замина за Австралија, се крие ли од обожавателите вака замаскирана? (ФОТО)
Next articleЖивот на висока нога- Росана признава само лет со авион и на блиски дестинации, облече кратко фустанче и покажа колку ужива (ФОТО)