Home Live Стојне ја покори Италија, сите збеснаа по нашата пејачка, еве што направи...

Стојне ја покори Италија, сите збеснаа по нашата пејачка, еве што направи таа на своите настапи (ВИДЕО)

Фолк пејачката Стојне Николова е млада и успешна дама, која ја сака и ја негува македонската народна песна. Со музика започнала да се занимава уште од тинејџерските денови, својата прва авторска песна ја снимила на 16 години.

Таа за време на пандемијата направи обработка на народната песна „Крушево абер пристигна“,за која Стојне вели дека и’ била вистински предизвик и дека публиката во иднина може да очекува повеќе вакви преработки од неа и од нејзиниот тим.

За Женски магазин, младата пејачка откри дали е сингл и што да очекуваат нејзините обожаватели од неа следно.

-Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп.

Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.

Јас и мојот тим сме задоволни како ја прифати публиката. За мене беше навистина предизвик најпрвин да преработам песна од доајенот Васка Илиева, а и да се работи на таков голем проект кој го работевме два месеци.

Во иднина планирам преработка на уште некоја убава народна песна за која сега сме во потрага“, рекла Стојне за оваа убава македонска народна песна.

-Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други“.

Потоа, на прашањето: Сингл ли е Стојне, таа многу кусо и дипломатски дала одговор: да!

Стојне Николова ја сакаат сите колеги, а и таа често се дружи со нив. Сведок за тоа е сликата која Стојне неодамна ја објави на Фејсбук, со Ирена Спасовска и со Сузана Гавазовам на настап во Битола.

Стојне Николова ги цени семејните вредности и неизмерно му е благодарна на помалиот брат за безрезервната поддршка која што и ја дава и покрај тоа што нејзиниот татко е упокоен. Таа вели дека Бобан Мојсовски е нејзин втор татко.

Иако има 26 години, зад себе крие голема болка која никако да помине. Успешните настапи, новите песни се само лек и обид за надминување на болката.

Стојне речи си во секое интервју нагласува дека нејзиниот татко и бил најголема поддршка и дека благодарение на него е овде каде што е, поврзаноста со семејството и е најбитно, а еден од најтешките моменти било кога решила струмичката адреса, да ја промени со скопска.

Во интервјуто кое го даде во емисијата “Наша сцена” таа накратко проговори за семејните вредности кои ги негува и додаде дека Бобан Мојсовски го смета за втор татко, но поврзаноста со помладиот брат и е нешто најважно“, објави Естрада плус.

Стојне неодамна била на настапи низ Италија, и според она што е објавено ја нејзиниот Фејсбук профил, јасно се геда дека Стојнето ја покорила Италија, а сите од публиката збеснале по неа.

Облечена во нејзин стил, провокативно, во мии фустан, таа заиграла и запеала меѓу народот, потоа пеела и народни песни, ама и песната „Буб бум“ од Сузана Гавазова, а испеала и хит од упокоената легенда Гоце Арнаудов.

Имало и маскиран музичар од Динамик бенд, па се мешало и столчиња, а имало и добар бакшиш, ама Стојне пеека и песни од срспаката фолк музика.

Со еден збор, си го знае занаетот Стојне како што треба и знае како публиката на нозе да ја крене, во нејзин стил.

Previous articleСе има се може, Елена Велевска само скапи парчиња на неа- нема криза за оваа наша фолк пејачка (ФОТО)
Next articleСања Сани Гроздановска со ќерка и во болница, малата Ева весела и позитивна, ист карактер како мама