Home Live Вака сега изгледа девојчето што го крена цел Балкан на нозе на...

Вака сега изгледа девојчето што го крена цел Балкан на нозе на талент шоу -Се омажи на 19 години и сега е ептен згодна жена

Илма Карахмет се прослави пред шест години во музичкиот натпревар „Икс-фактор“ кој се емитуваше на ТВ Пинк – таа во тоа време имаше само 13 години, а некои од најголемите регионални поп- sвезди го фалеа нејзиниот глас, објави Вистина во една прилика.

Таа ја испеа песната „Има један свијет“ и уште се памети кога целото жири паѓа во транс додека малдата Илма „си гази“ со оваа позната песна.

Иако важеше за една од главните фаворити, талентираната девојка од Босна и Херцеговина беше елиминирана непосредно пред финалето, а изби невиден ска ндал кога на нејзиниот Фејсбук профил се појавија неубави зборови упатени до Емина Јаховиќ, пејачката која ја донесе одлуката за неа за елиминацијата.

Сепак, Илма негираше дека има врска со оваа нарачка и дека е наместена, а Емина години подоцна истакна дека никогаш не го земала при срце, бидејќи сфатила за што всушност се работи.

Среќата на Карахмет се насмевна пет години подоцна, а во 2018 година победи на музичкиот натпревар на RTL „Звијезде“ во Хрватска

Последниве години Илма објави два сингла кои беа добро прифатени од публиката, а за нивниот успех, освен бројот на прегледи на Јутјуб, говори и фактот што кандидатите за многу ТВ емисии ги избираат овие песни за подобро се претстават пред публиката.и жирито.

Илма потоа ги освои срцата на Дин и Ден Катен, дизајнерите зад брендот Dsquared. Модните близнаци ја слушнаа како пее во Минхен и набрзо ја поканија да ги краси со својот глас на нивните прослави.

Во 2018 година, пејачката Илма Карахмет (21) победи во шоуто „Звијезде“ на RTL и доби парична награда од 100.000 куни. Таа се омажи за време на снимањето на шоуто, а денес храбро ја гради својата кариера во странство.

– Соработката дојде сосема случајно. Имав концерт во Минхен, каде што се појави еден од браќата. Се запознавме, тој беше воодушевен од мојот глас.

Ги погледнаа сите мои видеа и ме поканија да им гостувам на роденденската забава – изјавила Илма за српските медиуми.

Посебна поддршка и дава сопругот Седин Лакач, со кој се омажи за време на снимањето на „Звијезда“.

– Мојот сопруг е мојот најголем поддржувач и тоа можевте да го видите за време на натпреварот. Толку многу емоции живеат меѓу нас.

Сметам дека покрај себе ја имам најубавата личност и горда сум на тоа – изјави претходно таа за Вечерњи лист.

– Нормално сакам да уживам во животот, не сакам да се оптоварувам со работи, музиката е најубавото нешто што го правам, па ја ставам на прво место за себе – изјави таа.

Таа истакна и дека би сакала да ја претставува својата земја на Евровизија. Пресреќна сум, искрено не ни очекував толку, да има уште еден хит како „Неко није“ е голем успех за мене – рекла Илма за емисијата „Премиера“.

Пејачката на 18 години, како птои напипавме погоре се омажи за својот сопруг Седин Лакач, кој како што вели и е најголем поддржувач, но и голем критичар.

-Секогаш велам дека се омажив за љубов и нема друг интерес. Тој знаеше знаат дека иако тогаш имав 18 години, јас сум зрела личност и знам што сакам во животот.

Покрај сите мои обврски, го завршив турско-босанскиот колеџ каде исто така бев самостојна и во студентскиот дом. Тоа придонесе во мојот живот да станам позрела отколку што треба на таа возраст.

Секогаш е со мене, ме поддржува во се, многу ме критикува за работи што не ги сака, а од друга страна тоа е добро за мене. Јас сум жена и да имам маж до мене кој се грижи за сите овие работи е навистина голема чест и привилегија за мене – изјавила Илма.

Сега, таа ја сменила бојата на косата, станала русооса и е ептен згодна млада жена а на сликите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Previous articleНајзгодна и со најдлабок шлиц на цpвен тепих- политичари и манекенки заедно на новиот филм на Манчевски, ама оваа глумица сите ги засенила (ФОТО)
Next articleСе има се може, Елена Велевска само скапи парчиња на неа- нема криза за оваа наша фолк пејачка (ФОТО)