Home News Проф. Трајковски: Ви 1970-ите години не ни пречеше сите да седиме во...

Проф. Трајковски: Ви 1970-ите години не ни пречеше сите да седиме во една соба и да гледаме ТВ

Цената на струјата оваа година, достигна ниво кое претходно не се случило. Како резултат на тоа, дојде до поскапувања, бидејќи целата индустрија е зависна од електричната енергија.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец ноември до сега, (baseload till date) изнесува 198.05 евра за мегават час, што е за близу 4 евра повисоко од цената по кој што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија во текот на вчерашниот ден просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 239,81 евра/mwh.

Сојузната служба за цивилна заштита во Германија предупреди на можни прекини на струја во јануари и февруари.

Шефот на германската федерална служба за цивилна заштита, Ралф Тислер, ги повика сонародниците да складираат вода и конзервирана храна, бидејќи во текот на јануари и февруари ќе има масовни прекини на струја.

Мора да претпоставиме дека ќе има прекини на струја во зима. Кога го велам тоа мислам на регионални и привремени прекини на струја.

Причината нема да биде само недостатокот на енергија, туку и насочените привремени исклучувања на мрежата со цел да се заштити мрежата и да не се загрози целокупното напојување – вели тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“, нагласувајќи дека најлошото месеци ќе бидат јануари и февруари.

Битослкиот професор по Механика, Дејан Трајковски, потсети на едно минато, кога семејните вредности беа на едно поинакво ниво, кое значеше и заштеди на многу нешта:

„Во 1970-ите години не ни пречеше сите да седиме заедно во една соба. Возрасните гледаа телевизија или се занимаваа со нешто друго, децата учеа и пишуваа домашни – и никој никому не му пречеше, туку напротив.

Потоа дојде мода секој да има своја соба, а секоја соба – нормално – мораше да се грее или да се лади. Наместо по 4-5 просторни метри дрва, започнаа да се горат по 15. За да се задоволи оваа потрошувачка, мораше многу повеќе да се ‘рмба и да се нема време за ништо.

Да не зборуваме за загадувањето. Штедењето, пак, стана тема за мајтапење.

Денешниот начин на живот, базиран на заработување, трошење, отуѓеност, па и омраза и завист, осамени стари луѓе на геријатрија – со еден збор потрошувачкото општество – дали ги направи луѓето посреќни?“

Previous articleМиа ја искритикуваа, а таа одговори: Јас сум пивната, ама на задно седиште (ФОТО)
Next articleСаша Поповиќ откри која ѕвезда е најбарана од „Sвезде Гранда“ – Ќе се согласите и вие